Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Акцизата на нафтените деривати зголемена, Владата и опозицијата со различни ставови
Економија

Акцизата на нафтените деривати зголемена, Владата и опозицијата со различни ставови

април 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата ја зголеми цената на акцизата за нафтените деривати за три денари како мерка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.

Средствата од зголемувањето на акцизата ќе одат во Фондот за справување со коронавирусот за финансирање на мерки за поддршка на стопанството и мерки насочени кон граѓаните.

Од Владата вчера појаснија дека ваквата уредба е донесена за да се
ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со коронавирусот и за обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби.

Владиниот портпарол Мухамет Хоџа на прес-конференција нагласи дека зголемувањето на износот на акцизата нема да предизвика дополнителни финансиски импликации за компаниите и за населението.

„Имајќи предвид дека имаме пад на цената на нафтата од околу 20 денари во период од 1 јануари до 6 април оваа година имаме услови за преземање на ваква мерка, односно зголемување на акцизата за нафтените деривати како антикризна мерка во борба против коронавирусот КОВИД 19“, рече Хоџа.

Зголемувањето на акцизата на нафтата, како што истакнаа од Владата, е
донесено по претходни консултации со експерти и со сите засегнати
страни.

За опозицијата, ваквото зголемување на акцизата е чист грабеж на
граѓаните. Ова, оценија вчера од опозицијата, е начин како Владата ќе
зема пари од граѓаните за да ја покрие финансиската дупка што е
направена во Буџетот.

„Ниската цена на нафтата на светските берзи, власта на СДСМ ја
користи за овозможување високи профити на поединци на штета на
сиромашниот народ“, рече на прес-конференција потпретседателот на
ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Компанијата „Макпетрол“ која стопанисува со нафтени деривати преку
соопштение изрази поддршка за одлуката на Владата, но оттаму побараа објаснување што покажуваат анализите за предлогот за зголемување и изедначување на акцизата на екстра лесното гориво и дизелот.

Ефектите од ваквиот предлог, според Владата, би биле речиси никакви.

„Екстра лесното гориво е наменето само за лимитирана употреба  законски е забрането за продажба од 15 април, ефектот од таквата мерка би бил скоро никаков“, рече владиниот портпарол на вчерашната прес-конференција.

 

актуелно акциза нафтените деривати
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.