Алкалоид АД Скопје денеска го одбележа почетокот на кампањата по повод 40-годишниот јубилеј на еден од водечките брендови на компанијата „Бекутан“.
Почнувајќи со само пет производи „Бекутан“ наменети за нега на бебешката кожа во 1978 година, денеска производното портфолио на брендот брои 26 основни типови производи со над 50 различни форми на пакувања.
Рангирани меѓу водечките брендови во сегментот „детска козметика“ на регионално ниво, „Бекутан“ производите се изработени од врвни суровини со проверен квалитет, исклучително благи формулации и уникатни рецептури, сигурни за употреба уште од првиот ден по раѓањето.
Севкупниот производен процес се одвива во согласност со строгите стандарди за „добра производна пракса“.
Лидер во колекцијата е „Бекутан“ детскиот крем со продадени над 45 милиони парчиња.







