Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за вработените, за заедницата донирани 1,2 милиони евра
Економија

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за вработените, за заедницата донирани 1,2 милиони евра

декември 28, 2020Updated:декември 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Компанијата „Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година.

– Во контекст на отежнатите услови за работа предизвикани од светската здравствена криза, а по повод новогодишните и божиќни празници, „Алкалоид“ одлучи да исплати еднократен линеарен паричен надомест за вработените во нето-износ од 25.000 денари. Политиката за надоместоци на компанијата, во согласност со Статутот на друштвото и со колективниот договор на „Алкалоид“ АД, се базира на конкурентност, мотивација, навременост и на транспарентност. Компанијата, и покрај неизвесноста која владееше во првиот квартал од 2020, во март на своите вработени веќе им исплати регрес за годишен одмор во нето-износ од 26.718 денари, соопштија денеска од „Алкалоид“.

Во декември годинава во „Алкалоид“ АД имало 2.371 вработен, од кои 1.832 во земјава и 539 во подружниците во странство. Во текот на 2020 година во компанијата се реализирале 209 нови вработувања.

Во услови кога светските економии се борат за ублажување на ефектите од претрпените загуби, а прогнозите за 2021 година се ставени во сенка на имунитетот на вирусот и на очекуваните ефекти од вакцините, посочуваат од „Алкалоид“, ретки се компаниите што можат да им помогнат на своите системи во вакви тешки времиња.

– Но, помошта во кризни услови е од суштинско значење, особено ако кризата го носи предзнакот здравствена. Поради тоа, во тековнава година нашите активности за општествена одговорност имаа засилен интензитет.

На разни основи, „Алкалоид“ АД Скопје во текот на 2020 година, преку базата во Скопје, Фондацијата „Трајче Мукаетов“, и преку дел од своите ентитети во земјата и надвор од неа, има донирано износ од приближно 1,2 милиони евра. Од нив, 1.075.000 евра се донирани во Северна Македонија, а околу 125.000 евра надвор од земјата. Во согласност со намената, 352.000 евра се донирани во лекови, медицински средства, опрема и во опремување; над 210.000 евра се донации во средства за хигиена и за дезинфекција, а над 638.000 евра се финансиски средства на разни основи, од кои 141.236 евра се реализирани преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“, информира компанијата.

На листата на приматели на донации се заведени здравствени установи, институции, здруженија и голем број поединци.

– Грижата за вработените, заедницата, за потрошувачите, акционерите и за сите иматели на удели во компанијата се цврсто втемелени во корпоративната политика на „Алкалоид“ АД Скопје, а таквите заложби ќе продолжат и во иднина. Годината која следува е исполнета со голем број неизвесности, но ние ќе останеме посветени на исполнување на очекувањата на пазарот и на испорачување врвен квалитет на нашите производи и услуги. Посакуваме во годината на 85. јубилеј на „Алкалоид“ АД да се радуваме заеднички на нови успеси, повисоки достигнувања и на здравје пред сѐ!, се истакнува во соопштението.

1 2 милиони евра актуелно алкалоид Вработени донирани заедница надомест новогодишен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.