Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети

ноември 2, 2026

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026

Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица

ноември 2, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
  • УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари
  • Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица
  • Бугарија го доби својот прв избран претседател: Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори
  • Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Алкалоид“ пушти во употреба нови производни капацитети
Економија

„Алкалоид“ пушти во употреба нови производни капацитети

јануари 16, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Алкалоид АД Скопје“ денес и официјално предаде во употреба три инвестициски проекта, Погон за производство на полу-цврсти фармацевтски форми (масти, креми, гелови и вагитории), Централна Вагална 2 и Одделение за пакување на цврсти фармацевтски форми. Новите производни одделенија се простираат на површина од 1000 м2, а нивната вредност изнесува над 2,5 милиони евра. При изведбата на овие проекти имплементирани се најсовремените стандарди за Добра Производна Пракса (GMP), информираат од компанијата.

„Присуството на компанијата на пазарите во над 30 земји во светот и постојаното тежнеење кон отворање нови пазари и нови перспективи, налага внимателно следење на трендовите од областа на здравството и фармацијата и нивно имплементирање  во секојдневното работење. За таа цел, инвестициите во нови капацитети, технологија, знаење и кадар ќе продолжат да бидат императив во нашите секојдневни операции. Хуманата програмско производна определба насочена првенствено кон крајните корисници е начелото според кое се водиме и ќе продолжиме да се водиме во секојдневните операции, при тоа строго внимавајќи на кредибилитетот и професионалниот пристап кои ги практикуваме и спроведуваме во севкупното нашето работење“, истакна генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов на пуштањето во работа на трите погони.
Погонот за производство на полу-цврсти фармацевтски форми зафаќа површина од 460м2 чисти простори во кои се одвива комплетниот процес на вагање на суровините, подготовка на полупроизводи како и дозирање и пакување на готови производи.

Вкупната вредност на овој зафат изнесува околу 1,4 милиони евра, а вредноста на инсталираните хомогенизатори со кои се обезбедува подготовка на сите типови на полуцврсти фармацевтски форми изнесува близу 400.000 евра.

Централна Вагална 2 се простира на површина од 240 м2 и во неа се инвестирани 600.000 евра за опрема и капацитети за контролирање, мониторирање и менаџирање на процесот на мерење на активните и помошните супстанци кои влегуваат во составот на цврстите фармацевтски форми.

Одделението за пакување на цврсти форми, пзк, зафаќа површина од 300 м2 на кои се инсталирани две производни линии, линија за блистер пакување и линија за стрип пакување. Вредноста на овој проект изнесува 500,000 евра.

Следењето на светските трендови во фармацијата и производство на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови кај кои заштитниот знак на „Алкалоид АД“ е синомим за високото ниво на квалитет и сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на компанијата. Доследно придржувајќи се до годишниот план за капитални вложувања за 2017 година (CAPEX), компанијата успешно ги реализира планираните инвестициски активности во нови производни капацитети во рамки на профитниот центар Фармација.

актуелно алкалоид живко мукаетов инвестиција проекти фармација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети

ноември 2, 2026

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026

Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица

ноември 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.