Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Америка тврди: „Русија ќе ја нападне Украина“
СВЕТ

Америка тврди: „Русија ќе ја нападне Украина“

јануари 15, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соединетите Американски Држави тврдат дека имаат информации дека Русија подготвила група оперативци чија цел е во источна Украина да спроведат тајна лажна операција (анг. False flag operation – што означува напад на сопствените сили заради прикривање и изговор за вистинската цел), со која би имала оправдување за вистинска инвазија на Украина, пренесуваат американски медиуми повикувајќи се на изјава на официјален претставник од Белата куќа.

Неименуван функционер вели дека САД имаат докази дека оперативци обучени за урбано војување и користење на експлозиви ќе вршат саботажи насочени кон руските сили.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, рече дека американското Министерство за одбрана има веродостојни информации кои укажуваат на тоа дека Русија предложила „група оперативци да изведат операција дизајнирана да изгледа како напад врз нив или врз луѓе што зборуваат руски во Украина“ за да се создаде причина за потенцијална инвазија.

Ова доаѓа по соопштението кое во петокот го објави украинското Министерство за одбрана, во кое се наведува дека руските специјални служби подготвуваат провокации против руските сили во обид тоа да и го подметнат на Украина.

Советникот за национална безбедност, Џејк Саливан, го навести ова за време на брифингот со новинарите во четвртокот.

„Нашата разузнавачка заедница има информации дека Русија ги поставува темелите за можност за измислување изговори за инвазија“, рече Саливан. „Оваа стратегија ја видовме во 2014 година. Повторно подготвуваат иста работа“, додаде тој.

Украинското Министерство за одбрана во петокот соопшти дека „воените единици на земјата агресор и нејзините сателити добиваат наредба да се подготват за такви провокации“.

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, негираше дека Москва се подготвува за провокации во Украина.

„Досега сите тие изјави се неосновани и со ништо не се потврдени“, рече Песков.

Американски функционер вчера доцна попладнето изјавил за Си-Ен-Ен дека администрацијата на Бајден верува дека Русија би можела да се подготви за инвазија на Украина „која би резултирала со широко распространето кршење на човековите права и воени злосторства доколку дипломатијата не ги исполни своите цели“.

„Руската војска планира да ги започне овие активности неколку недели пред воената инвазија, која би можела да започне во периодот од средината на јануари до средината на февруари“, истакнал функционерот.

САД, исто така, тврдат дека влијателни луѓе во Русија почнале да ја подготвуваат и поттикнуваат руската јавност на интервенција. Тоа вклучува сè порадикален наратив за кршење на човековите права во Украина и милитантни пораки од украинските лидери.

„Во текот на декември, содржините на таков наратив на руски јазик на социјалните мрежи порасна на 3.500 објави дневно во просек, што е зголемување за 200 отсто од дневниот просек во ноември“, изјави американски официјален претставник за Си-Ен-Ен.

Овонеделните состаноци на западните и руските претставници не завршија охрабрувачки. Заменикот на рускиот министер за надворешни работи сугерираше дека разговорите дошле во „ќорсокак“ и дека не гледа причина за нивно продолжување, додека, пак, друг американски функционер предупредил дека „руските воени барабани стануваат се погласни“.

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, изјави во петокот дека Русија верува дека НАТО ќе ги засили своите активности долж границата со Украина ако Москва не ги послуша барањата на Западот.

„Додека нашите предлози се насочени за намалување на воената конфронтација и деескалација на севкупната состојба во Европа, на Запад се случува спротивното. Членките на НАТО ги зајакнуваат своите сили и авијација, а на териториите кои се во непосредна близина на Украина и на Црното Море, размерите на воените вежби повекратно се зголемија во последно време“, рече Лавров.

 

 

 

 

 

(Фото: Би-Би-Си)

актуелно Америка Владимир Путин инвазија Москва одбрана русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.