Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев: Во првиот квартал 235 милиони евра странски директни инвестиции
Економија

Анѓушев: Во првиот квартал 235 милиони евра странски директни инвестиции

јуни 4, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во првиот квартал годинава во Македонија се влезени 235 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа е најуспешен квартал од кое било тримесечие од 2007 година досега и во споредба со цела 2017, но и со годишните износи во 2015, 2014, 2012, 2010 и 2009 година.

Тоа го објави денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, повикувајќи се на податоците изготвени врз основа на методологијата на Народната банка на РМ.

Инвестиците во првите три месеци од годинава се директни странски вложувања, како и  вложувања од постојните компании во државава кои, појасни Анѓушев, продолжиле со инвестирањето препознавајќи ја поволната бизнис клима.

„Оваа бројка е факт кој никој не може да го побие и е одговор на сите обвинувања за економското работење на Владата во претходниот период. Политиките кои ги водиме и кои се транспарентни  и се одразуваат преку Законот за финансиска поддршка на  инвестиции, промените во Законот  за енергетика, и останатите мерки кои ги преземаме преку Фондот за иновации и технолошки развој  за поддршка на економијата, полека се препознаени од домашните и странските инвестиции и дават резултати, рече Анѓушев.

Тој на прес-конференцијата во Владата најави две нови инвестиции во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1 во вкупен износ од 11 милиони евра, во кои ќе се отворат по 80-тина работни места.

Комисијата за економски совет донела препорака до Владата да ги усвои договорите за  државна помош за инвестицијата на „Зенит интернешенал продукт“ од ОАЕ од три милиони евра со 80 вработувања која во зоната во Бунарџик ќе произведува грејачи за бојлери и на турската „Балканлар пластик“ која ќе инвестира осум милиони евра во капацитет за призводство на амбалажа-лиена пластика, и исто така ќе обезбеди 80 вработувања.

„Владата во периодот кој измина потпиша над 12 договори,  во моментов разговара со над 200 компании од кои со 30-ина е во завршна фаза на разговор. Само во една година е извесно дека ќе се потпишат 16 договори од кои 12 се веќе потпишани, четири во завршна фаза кои ќе бидат во наредните неколку недели, 30-ина други во асполутно завршна фаза, соопшти Анѓушев.

Како што дополни, сите инвестиции се направени без организирање економски презентаци, маркетиншки трошоци, без голем тим министри за странски инвестиции и промотори, туку врз база на вредното работење на луѓето од кабинетите, од Агенцијата за технолошко  индустриски равзојни зони и на сите економски ресори во Владата.

Вицепремиерот не го коментираше барањето за предвремени парламентарни избори што го упати опозициската ВМРО-ДПМНЕ од вчерашниот митинг, но забележа дека многу чести избори не се поволни за економските активности и оти стабилноста е важна за  работењето на економијата. На критиките од опозицијата најави дека ќе одговараат со аргументи и бројки.

„Работа на опозицијата е да критикива,  некојпат и неаргументирано, а јас еве денеска одговорив со аргументи. Ги канам да дискутираме со аргументи. Сметам дека опозицијата полека ќе се консолидира и ќе дојде на ниво освен од паушални оценки и едноставно политизирање да дојдеме во сфера да разговараме со аргументи, рече Анѓушев.

Одговарајќи на новинарски прашања информираше дека ветената мерка за поврат на ДДВ во пилот фаза ќе се спроведе во неколку општини.

„За тој  проект во моментов се размислува за да не влијае негативно, ниту на страната на Буџетот ниту на граѓаните и согласно  моите сознанија ќе биде пуштено како пилот проект во неколку општини, а потоа и на целата територија на Македонија, информираше Анѓушев.

влада Комисија македонија препорака
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.