Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бесплатното болничко лекување за најранливите категории и решение за лицата без документи
Македонија

Бесплатното болничко лекување за најранливите категории и решение за лицата без документи

ноември 24, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ќе се обидеме од идната година да го понудиме бесплатното болничко лекување барем на најранливите категории на граѓани, за да може до крајот на втората половина или почеток на 2019 година да важи за сите граѓани, изјави денеска претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, одговарајќи прашања од невладините организации за резултатите од работниот состанок за социјална интеграција на Ромите во Македонија.

„Имавме опсежна дебата за време на донесување на буџетот за распределбата на соодветни места за прашања што ги таргетираат ранливите категории, со посебен фокус на Ромите. Одлучивме кога на фондот за здрваство даваме една милијарда и сто повеќе пари од претходните години, сега тоа ќе се обидеме да стигне таму каде што е најмногу потребно. Многу е важно да имаме фокус на практична имплементација на тоа што е донесено, рече Заев.

Прашан кога и како ќе се реши проблемот на лицата без документи, Заев рече дека на почетокот на идната недела ќе следува состанок со Министерството за труд и социјална политика, за олеснување на докажувањето и обезбедувањето документи.

„Целосно тоа можеме да го упростиме со уредби и регулативи и не мора да одиме со законско решение. Целта е овие луѓе со нерешени проблеми во многу брзо време и до крајот ноември би рекол да го завршиме прашањето. Тоа се наши граѓани и мора брзо да го решиме, рече Заев.

Прашан како и што може очекуваме од Владата за зголемување на процентот на Роми во државната и јавна администрација, Заев рече дека мора да се работи на вклучување на Ромите барем на нивото на нивната процентуална застапеност како граѓани на Република Македонија.

„Тоа не се должи само на традиција или нешто останато од минатото и начин на живот. Не, немаат шанса Ромите во Република Македонија. Ние сме должни да ја дадеме таа шанса за да имаат еднаков живот со сите граѓани. Тоа мора да го правиме на неколку начини и ја испраќам пораката до сите институции дека при вработување мора да се водат од документите и стратегиите што Македонија ги има усвоено за во најбрз можен рок да бидат соодветно застапени на сите нивоа, изјави Заев.

Министерот без ресор задолжен за  имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија Самка Ибраимовски, најави дека на секои четири месеци ќе се одржуваат вакви јавни настани за претставување и анализирање на сите конкретни мерки во приоритетните области опфатени во Стратегијата за Роми.

актуелно Зоран Заев македонија роми труд и социјала
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.