Судиите на Апелациониот суд на јавна седница одлучија прислушуваните материјали да се користат како доказ во предметот „Тортура“.
Станува збор за предметот за апсењето на Љубе Бошкоски во кој првообвинет е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, а второ обвинет е екскомандантот на Алфите, Ивица Антевски-Пуки.
Сите обвинети се товарат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко постапување и казнување од кривичниот законик.







