Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бројот на нови случаи со Ковид-19 и натаму висок, да се почитуваат препораките
Во Фокусот

Бројот на нови случаи со Ковид-19 и натаму висок, да се почитуваат препораките

јуни 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава и порај апелите за почитување на мерките за заштита, и натаму е висок.

Вчера беа регистирани 162 нови случаи, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на пандемијата, досега, изнесува 4.057, бројот на починати е 188, а 1.710 се оздравени.

Бројот на активни случаи е 2.159.

Најголем дијагностицирани и натаму има во Скопје–1.858 и 1.210 активни случаи, по што следат Куманово со 640 дијагностицирани и 221 активен случај, Тетово со 413 дијагностицирани и 239 активни случаи, Штип со 238 дијагностицирани и 196 активни случаи, Прилеп со 228 дијагностицирани и 20 активни случаи…

Голем е бројот и на хоспитализирани со Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 96 пациенти од кои 35 се на кислородна поддршка, но нема пациенти на механичка вентилација, додека во Градската општа болница „8 Септември“ се хоспитализирани 77 пациенти од кои на респираторна машина се 10, а 20 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, а на домашно
лекување преку болницата се следат четворица пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 63 пациент–позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера на својот ФБ профил објави дека обезбедиле конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти заболени од Ковид-19.

„Им се заблагодарувам на сите наши херои, крводарители, дарители на
тромбоцити и дарители на конвалесцентна плазма за грижата која ја покажуваат. Упатувам апел сите излекувани лица од овој вирус да даруваат крвна плазма и заеднички да им помогнеме на нашите сограѓани, побрзо да го спречиме ширењето на коронавирусот. Дарувај плазма, спаси живот“, напиша Филипче.

Тој упати апел до излекуваните од Ковид-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма, и да го пополнат електронскиот формулар
на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина: https://bit.ly/30ufhA4

Поради порастот на бројот на пациенти на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“, голем број медицински сестри од повеќе болници во државава пристигнаа во тие две јавни здравствени установи за да им помогнат на своите колеги.

„На Клиниката за инфективни болести се упатени триесеттина медицински сестри од повеќе болници во државата. Исто толкава бројка медицински сестри од повеќе болници ќе се распределат и во ГОБ „8 Септември“, напиша на својот ФБ профил државниот секретар во Министерството за здравство“, Владимир Милошев.

Во овие две јавни здравствени установи, посочува Милошев, приемот на заболени од Ковид-19 е најголем, со речиси целосно исполнети капацитети.

„Во Министерството за здравство постојано ја следиме состојбата, преземајќи ги сите мерки за соодветен третман на заболените. Благодарност до здравствените работници кои само за неколку часа по дадената насока, се подготвија и пристигнаа во Скопје, на помош на своите колеги“, напиша Милошев.

Мора да се навикнеме да живееме со вирусот и да се штитиме постојано, посочуваат здравствените стручњаци и надлежните.

Поради тоа, граѓаните и натаму треба да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот кои вклучуваат задолжително носење заштитна
опрема (маска, марама) со која ќе бидат покриени устата и носот, редовно миење на рацете или нивна дезинфекција, како и држење дистанца од два метра.

актуелно Ковид-19 препораки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.