Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бугарска делегација предводена од Борисов во посета на Македонија
Македонија

Бугарска делегација предводена од Борисов во посета на Македонија

август 1, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев во наредните два дена ќе бидат домаќини на државната делегација на Република Бугарија што ќе ја предводи премиерот Бојко Борисов.

Официјалната посета на високата делегација на Република Бугарија ќе започне со пристигнувањето на аеродромот во Скопје на 1 август, во 11 часот и 30 минути.

Официјалната церемонија за добредојде на премиерот Борисов и на членовите на државна делегација на Република Бугарија, со највисоки државни и воени почести, ќе се одржи на платото пред Владата на Република Македонија и ќе започне во 12 часот и 15 минути.

Во рамките на оваа свечена церемонија се предвидени интонирање на државните химни на Република Македонија и Република Бугарија, рапорт на командантот на почесната военагардиска единица, поздрав на знамето на Република Македонија, обиколка на почесната воена гардиска единица и поздравување од страна на претседателот на Владата на Р. Бугарија, како и претставувањето на делегациите на двете земји од страна на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов.

Во 12 часот и 35 минути е предвидена тет-а-тет средба меѓу Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија и Бојко Борисов, претседател на Владата на Република Бугарија, а членовите на делегациите на Владата на Република Македонија и на Владата на Република Бугарија ќе имаат билатерална средба во 12 часот и 55 минути.

Во 13 часот и 35 минути ќе се одржи церемонијата на потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија од страна на Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија и Бојко Борисов, претседател на Владата на Република Бугарија.

Како составен дел на оваа церемонија се и потпишувањата на Меморандуми за соработка што ќе се потпишуваат од страна на ресорни Министри за транспорт, односно енергетика и економија, потоа потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за транспорт, ИКТ и комуникации на Р. Бугарија и Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија, за развојот на железничката инфраструктура и поврзаност помеѓу земјите, како и потпишување на Меморандум за соработка во областа на природен гас помеѓу Р. Бугарија и Р. Македонија.

Агендата на официјалната посета на делегација на Владата на Република Бугарија, на Република Македонија, продолжува во 13 часот и 50 минути со изјави за медиумите од страна на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и претседателот на Владата на Република Бугарија Бојко Борисов, во Свечената сала на Владата на Република Македонија.

Програмата на посетата на владината делегација на Република Бугарија продолжува со работни билатерални средби на одделни министри на двете делегации.

Предвидени се средби на министерот за транспорт, ИКТ и комуникации на Р. Бугарија, Ивајло Московски, и министерот за транспорт и врски на Р. Македонија, Горан Сугарески (14:20-14:50), средба на министерката за енергетика на Р. Бугарија, Теменужка Петкова и министерот за економија на Р. Македонија, Крешник Бектеши (14:20 – 14:50), средба на министерот за одбрана на Р. Бугарија, Красимир Каракачанов и министерката за одбрана на Р. Македонија, Радмила Шекеринска (14:20 -14:50) и средбата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, со заменик премиерот за правни реформи и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева (14:25-14:50).

Во попладевните часови домаќини на високата државна делегација на Република Бугарија ќе бидат Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери (14:20 – 15:50) и Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов (17:10 – 17:45).
Програмата на официјалната посета на Претседателот на Владата на Република Бугарија на Република Македонија продолжува наредниот ден (среда, 2 август) со заедничко чествување по повод националниот празник Илинден во црквата Свети Спас во Скопје.

По тој повод, во 8 часот наутро, премиерот Зоран Заев ќе има свое обраќање по повод празникот на плоштадот пред црквата Свети Спас.

Потоа претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов ќе положат венци свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев (08:25-08:50).

Венци свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе положат и останатите членови на делегацијата, по што гостите од Република Бугарија ќе се упатат кон аеродромот „Александар Велики“.

актуелно Бојко Борисов бугарија Зоран Заев македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.