Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бугарската Влада ќе ги утврди условите за евроинтеграцијата на Северна Македонија
Македонија

Бугарската Влада ќе ги утврди условите за евроинтеграцијата на Северна Македонија

октомври 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата на Бугарија денеска треба да ја утврди позицијата и условите за поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Вицепремиерката и министер за надворешни работи Катерина Захариева вчера изјави дека ќе бидат утврдени најважните услови на Софија за поддршка на членството на Скопје во ЕУ.

Во пресрет на очекуваната одлука на Советот на ЕУ за отворање на преговорите, Захариева вели дека Бугарија има интерес тие да почнат, но оти поддршката нема да биде безусловна.

Условите што ќе ги постави Софија се Скопје да ги запре сите претензии за признавање на македонско малцинство во Бугарија, да запре антибугарската идеологија и говорот на омраза, постигнување согласност околу историските прашања и јасни временски одредници за исполнување на овие услови.

– Ние поддржуваме почнување на преговорите, но со јасно вклучување на нашите услови во преговарачката рамка. Тоа се и критериуми за приклучување во ЕУ. Во 35-то поглавје треба да бидат вклучени сите овие прашања. Бараме ова поглавје да биде отворено на почетокот, а да биде затворено на крајот на преговорите, изјави Захариева.

Во бугарското Собрание, пак, вчера беше доставена Предлог-декларација за проширувањето на ЕУ и за процесот на пристапување на Северна Македонија и Албанија. Во документот Софија го повикува Скопје да го спроведува ефикасно, без одлагање и со добра волја Договорот за пријателство и добрососедство. Во текстот се посочува и дека Бугарија се залага за прифаќање на вистината за заедничката историја на двете држави и народи. Се бара да биде прекината секаква форма на говор на омраза кон Бугарија и кон граѓаните на Северна Македонија со бугарско
национално чувство.

Во декларацијата се поставуваат неколку услови и за Албанија, како што се гарантирање на правата на бугарското национално малцинство, изучување на мајчиниот јазик, попис на населението според европски стандарди.

актуелно бугарска влада Евроинтеграции услови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.