Добивката од вежбањето под ведро небо е повеќекратна, затоа што рекреацијата во природа ги буди оптимизмот и ја зајакнува волјата. Освен тоа, излагањето на пријатните сончеви зраци ја поттикнува синтезата на витаминот Д, делува смирувајќи на целиот организам и го ускладува биолошкиот ритам кој е важен за правилно функционирање на централните органи.
Ако за тренинг под ведро небо го одберете паркот или игралиштето близу вашата куќа како реквизити можат да ви послужат клупи, стебла, гранки од дрвата … Секогаш размислувајте за тренинг на целото тело и користите сложени вежби кои бараат активирање на поголемите мускулни делови, како на пример на нозете и грбот.
Пред секое практикувајте најмалку 15 минути брзо одење за загревање на телото и негово преминување за напор.
Клупа
Склекови и стомачни вежби можете да изведувате на клупа. Притоа, пожелно е секоја од наведените вежби да ја повторите во три серии со максимален број на повторувања.
Дрва
Најразличните подигнувања и качувања најлесно можете да ги изведете со помош на големите гранки. Тоа се вежби со кои се јакне горниот дел од телото.
Трева
На сончевите и суви тревнати површини можете да правите истегнувања, чучнувања и исчекорувања. Вежбите можат да имаат многу варијации.
Скали
Еден од корисните „објекти“ за тренинг секако се и скалите. Можете да трчате по нив, нагоре или надоле, да скокате со една или со две нозе, да се качивате или симнувате странично, а се само за да имате силни нозе.







