Брачниот пар Бекам, Викторија и Дејвид, стигнаа во Црна Гора, а деновите од одморот ќе ги поминат на атрактивниот Свети Стефан.
Иако некои предвидуваа скорешен развод поради, наводно, неверство на некогашниот фудбалски гениј, популарната двојка сепак овој викенд ќе го мине заедно и тоа на црногорското крајбрежје.
Викторија во Црна Гора стигна во четвртокот вечерта, а Дејвид утредента. Тој, наместо во живо во Русија, финалето на Светското фудбалско првенство ќе го гледа на телевизија во монденското летувалиште.







