Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Владата за планот на Коѕијас: За решение, потребна е волја од двете страни
Македонија

Владата за планот на Коѕијас: За решение, потребна е волја од двете страни

јануари 31, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од наша страна имаме добра волја за заемно прифатливо решение што ќе ги почитува интересите, достоинството и идентитетот на двата народа, а за тоа да се случи, потребни се нужна волја и компромис од двете страни, е ставот на Владата на РМ во врска со планот на Грција кој ќе биде испорачан до македонските власти кон средината на февруари. Од Владата не откриваат повеќе детали потенцирајќи дека заемно меѓу двете држави се одвиваат работите одговарајќи на прашање дали македонската Влада била известена за планот на Грција.

„Разговорите се водат под медијаторство на Метју Нимиц во рамките на ООН. Во таа рамка се водат и директни средби помеѓу министерствата за надворешни работи, потоа се крена еден степен погоре на ниво на премиери. Разговорите, т.е. преговорите се водат така што заемно ги работиме сите работи – изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Од Владата не откриваат ниту детали за очекувањата од средбата со медијаторот Нимиц, единствено го повторуваат ставот дека сега е вистинското време за решение. Медијаторот Метју Нимиц денеска пристигна во дводневна посета на Скопје. Нимиц по средбите со државниот врв во Атина, вчера изјави дека има момент за решение на спорот за името и дека по 25 години, време е за носење одлуки. Претходно, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, во интервју за државната телевизија ЕРТ откри дека Грција на Македонија ќе ѝ понуди спогодба во четири точки, кои се однесуваат на предлози за името, иредентизмот, меѓународни и регионални односи на Македонија и мерки за позитивна агенда.

Oд македонското Министерство за надворешни работи реагираа дека јавното соопштување на крајните позиции го намалува просторот за разговори.

Медијаторот Нимиц утре ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

актуелно Влада на РМ вмро-дпмне Грција Зоран Заев министерство Нимиц
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.