Анета Стојановска Стефанова, од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција за медиуми рече дека денешната прес конференција ќе ја посвети на стартот на новата учебна година.
„Иднината на Република Македонија се младите и нивното квалитетно образование. На стартот на учебната година, ние на сите ученици им посакуваме одличен успех, а особено на првачињата, лесно совладување на новите знаења и образовни предизвици.
„Ја известуваме јавноста дека во насока на создавање на подобра образовна политика и иницирање на предлози и проекти кои ќе го подобрат образовниот систем, ВМРО-ДПМНЕ е во фаза на избор на членови на комисијата за образование и наука која активно ќе ги следи сите прашања поврзани со образованието на младите и онаму каде што ќе оцени преку својата пратеничка група, а секако во иднина и преку советничките групи, ќе понуди и конструктивни предлози и идеи за подобрување.
„Комисијата, со својата работа долгорочно ќе се потруди да биде коректив на власта во оваа сензитивна сфера, каде се гради иднината на нашите деца, но ќе се согласите иднината на нашата држава и на светот воопшто.







