Во однос на нацрт текстот на договорот кој беше објавен под притисок на критичката јавност во Република Македонија од страна на Владата на Република Македонија, дел да се спомене дека тој содржи и добри темели од текстот кој беше подготвуван од страна на работните групи во изминативе години кои направија база за компромиси со сотавени четири отворени полиња за оние позиции за кои постои разлика во интересите од македонска и од бугарска страна.
„Сметам дека треба да се поздрават овие аспекти кои навистина се позитивни од овој дел од аспект на одредбите од членот 5, 6 или 7 и некој тука гледаат кон иднината., во изјава за медиуми вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Поповски.
Се работи за перспективите за економски развој, развојот на туризам, протокот на луѓе и добра и градењето на подобра инфраструктура и поврзаност помеѓу земјите. Сето ова е корисно за нашите земји за граѓаните и подеднакво заслужуваат европска перспектива и од една и од другата страна на границата.
„Наша цел е да сме што е можно поблиски со нашите соседи и со кој делиме европски идеали и во таа насока ги видовме овие одредби. Добро е и тоа што во нацтр текстот останува онаа формулација од преамбулата за взаемно почитување на интересите на двете страни и на нивните држави.
„Бугарските интереси мораме да коонстатираме од овој нацрт договор кој беше презентиран се максимално испочитувани, бугарската Влада заслужува честитики што максимално успешно го остварила посакуваното, тие се наши соседи и пријатели со кои сакаме пред се да делиме иднина во Еврпската Унија и НАТО наспроти минатото.
Треба да се поздрави можеби исто така и македонската Влада која покажа многу брзо подготвеност да излезе целосно во пресрет на интересите и очекувањата од страна на Бугарија.







