Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во болницата „8 Септември“ од утре во функција новата микробиолошка лабораторија
Во Фокусот

Во болницата „8 Септември“ од утре во функција новата микробиолошка лабораторија

декември 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“ од утре ќе функционира новата лабораторија за микробиологија, во која ќе се вршат сите потребни бактериолошки и вирусолошки испитувања, а во најскоро време и современи генетски испитувања.

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека со отворањето на
новата лабораторија услугата ќе биде поблиску до пациентите, односно до сите граѓани кои доаѓаат во оваа институција.

„Дел по дел се надградува капацитетот на оваа болница. Пред неколку недели имавме претставување на една нова метода на интервенција со
експертиза, за почеток од странство. Нашите лекари веќе се уходани во
имплементирање на новата метода, а тоа е третман на метастатски болести на црниот дроб и дел по дел се зајакнува како инфраструктурно, така и знаењето, со цел оваа болница да може да ги пружи апсолутно сите интервенции, како што е тоа во рамки на Клиничкиот центар во Скопје“, истакна Филипче.

Тој најави дека за следната година имаат во план уште неколку активности, кои, како што рече, се провлекуваат повеќе години, а се однесуваат на застарената инфраструктура и поради тоа од почетокот на 2020 година планираат голема акција за инфраструтуктурно подобрување на сите општи болници и здравствени домови и клиники таму каде што е потребно во рамките на јавниот здравствен систем.

Директорот на ЈЗУ „8 Септември“, Христијан Костов рече дека новата лабораторија ќе биде сместена во просториите на претходната Галенска
лабораторија и истите тие простории се реновирани и функционално опремени со нова опрема, со што се овозможува соодветно функционирање на оваа микробиолошка лабораторија.

„За почеток микробиолошката лабораторија ќе функционира за пациентите кои се во болничката установа, односно хоспитализираните пациенти, за да по околу две недели ќе биде отворена и за сите пациенти амбулантски третирани“, истакна Костов.

Тој додаде дека сите анализи кои ќе се спроведуваат за пациентите ќе
бидат под Фондот за здравствено осигурување.

Специјалист микробиолог во болницата „8 Септември“, Андријана Шумановска, рече дека лабораторијата е опремена со најсовремени машини и средства за функционирање, во почетокот ќе бидат овозможени сите бактериолошки испитувања, а во иднина ќе се работат и вирусолошки и молекуларни испитувања, како и најновите генетски
испитувања што би можеле да се работат во самата лабораторија.

Во септември годинава во болницата „8 Септември“ беше пуштен во употреба новиот Кардиоваскуларен центар во оваа болница, а претходно се финализираше инсталацијата на нов линеарен акцелератор.

Станува збор за врвна технологија за третман на малигните заболувања.

8 септември актуелно болница микробиолошка лабораторија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.