Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во велешкиот театар вечерва премиера на комедијата „Одам на лов“
Култура

Во велешкиот театар вечерва премиера на комедијата „Одам на лов“

септември 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов“-Џинот“ вечерва од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Одам на лов“ со поднаслов
Комедија на вонбрачни заплети од францускиот автор Жорж Фејдо, во режија на Деан Дамјановски и драматургија на Сашо Димоски.

Ова е прва претстава во новата театарска сезона 2019/20120 и втора претстава која годинава се финансира од Министерството за култура.

„Одам на лов“ е напишана во 1892 година и досега е поставена на многу сцени во светот.

Во Велешкиот театар била поставена првпат во 1969, вторпат во 1993, а ова е нејзина трета поставка.

Режисерот Деан Дамјановски вели дека „Одам на лов“е комедија на вонбрачни заплети во која двајцата сопружници, парот Дишотел, решаваат секој одделно да направи брачна изневера.

Но, сплетот на околности е таков што и пред двајцата се појавуваат многу пречки за да ги остварат своите намери, со што влегуваат од една во друга комична ситуација.

Претставата е класична комична фарса во насока на излегување од нејзиниот херметизам и отворање кон актуелниот општествено социјален момент.

„Ова е комедија на ситуации, заплети којшто треба многу внимателно да бидат пласирани на сцена, многу точно и прецизно од страна на актерите. Мислам дека тоа е еден предизвик за овој ансамбл на Велешкиот театар и школо за добар тренинг за актерска техника. Воедно, се работи за напорна претстава посебно на носителите на поглавните улоги“, истакнува Дамјановски.

Во претставата настапуваат Маја Љутков, Фаик Мефаиловски, Васил Зафирчев, Самоил Стојановски, Жарко Спасовски, Кети Борисова, Талија Настова и Исидор Јовановски – млад нововработен актер во Велешкиот театар на кого ова му е прва премиера.

Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Елена Вангеловска, изработката на костими на Раде Василев, а изборот на музиката на Горан Трифуновски – Пајак.

Младиот актер Јовановски вели дека не му било досадно на пробите.

„Можеби тоа е суштината на нашата професија да бидеме посветени и да уживаме во секој дел од секундата на сцена, што го препознав кај сите колеги, а кои морам да признам многу топло ме примија како нов член, што го нема во сите театарски колективи“, оценува Јовановски.

Според актерката Маја Љутков, претставата ќе има долг век, а слично мислење има и актерот Васил Зафирчев, кој го игра ликот на Морис, кој смета дека станува збор за богата претстава која ќе трае прилично долго, со убава сценограгија и костими и со интензивна забавна актерска игра.

Претставата веќе на 5 октомври ќе биде изведена на Фестивалот на комедијата „Бацко Ѓорѓија“ во Куманово.

„Одам на лов“ велешки театар комедија премиера
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026

Објавени пробите за настапите на „Евровизија“

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.