Грчките власти спасија десетици мигранти заглавени на карпите, откако два чамци потонаа во близина на грчките острови Китера и Лезбос во рок од неколку часа.
Најмалку 22 лица го загубија животот, а многу се водат за исчезнати, јавуваат локалните медиуми.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека пронашла 17 тела на брегот на Лезбос.
Мигрантите го напуштиле брегот на Турција со гумени чамци за време на силен ветер.
Во другата несреќа кај островот Китера, најмалку пет лица загинаа откако чамец со мигранти удри во карпите.
„Луѓето се дават во бродови кои не се способни за пловидба. ЕУ мора да дејствува“, рече грчкиот министер за миграција, додека локалните власти ги засолнија мигрантите во училиштата, а локалните жители пријавија дека чамците „се кршат на карпите и луѓето се качуваат на нив… за да се обидат да се спасат“.
(Фото: Василис Верверидис / Алами)







