Четири лица ги загубија животите во лавина што се случи денес на Алпите на југоистокот на Франција, соопштија официјални лица.
Ова е најголема несреќа од почетокот на зимската сезона.
Во лавината што се случи надвор од патеката за скијање биле затрупани девет лица.
Несреќата се случи на височина од 2.100 метри и сред зимскиот распуст за француските ученици.







