Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во Македонија со закон ќе се регулира фрлањето храна
Во Фокусот

Во Македонија со закон ќе се регулира фрлањето храна

септември 25, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонија фрла по 5.000 тони храна годишно, количини кои може да снабдат 13.000 луѓе со три оброка дневно.

За надминување на ваквата состојба се изготвуваат законски измени кои, како што беше речено денеска во Стопанската комора, ќе бидат готови најдоцна до почетокот на идната година, а предвидуваат наместо да се фрла, храната да се донира во хуманитарни цели.

Со регулирањето на фрлањето на храната најпрво ќе бидат опфатени маркетите, добавувачите и производителите по што, во втората и третата фаза ќе бидат таргетирани и рестораните, кетеринг службите и домаќинствата.

„Македонија е седма во светот по фрлање храна, а штетата од тоа достигнува 10 милиони евра. Најмногу храна фрлаат домаќинствата, дури потоа се рестораните, производителите и добавувачите.

Бројките се многу сериозни и веројатно достигнуваат 10 илјади тони годишно, количина која би можела да биде однова за една цела нова социјална програма за загрозените“, истакна Блаже Јосифовски, претседател на Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ која е иницијатор на законските измени.

Според него, иницијативата е поддржана од бизнис секторот, коморите и Владата и веќе е формирана работна група која работи на предлог- текстот.

Со законското решение ќе се бара бизнисите да бидат ослободени од данокот на додадена вредност за храната што ќе ја донираат, но и од кривична одговорност при евентуални незгоди или злоупотреби ако доследно ги почитуваат правилата за безбедна храна.

„Ќе треба да се обезбедат и едноставни, брзи административни процедури, за компаниите да не бидат оптоварени и да не се откажат од определбата да донираат храна“, истакна Јосифовски и посочи дека засега во земјава 445.000 граѓани имаат по само еден оброк дневно.

Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија информира дека прва во светот Франција го регулираше прашањето со фрлањето храна, а примерот веќе го следи Велика Британија која годишно фрла по 15 милиони тони.

Во Европската унија, пак, отпадот од храна достигнува 90 до 100 милиони тони годишно што е сума од неколку милијарди евра. Од регионот, Хрватска веќе има донесено Правилник за донирање на вишокот храна од маркетите, а фрла 400.000 тони годишно.

Согласно Програмата „Хоризонт 2020“ ЕУ планира да го намали отпадот на храна до 2025 година за 30 отсто.

актуелно Велика Британија Влада на РМ ЕУ македонија стопанкса комора хрватска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.