Надзорна камера го фатила страшниот момент кога тинејџер од американскиот Сент Луис се обиде да го грабне бебето од прегратките на мајка си, додека со сопругот ја преминувала улицата, пишува Дејли Мејл. Инцидентот се случил во квартот Централ Вест Енд во неделата наутро.
На видеото се гледа мајка во сина јакна како го држи своето 11 месечно бебе додека таткото оди покрај нив. Човек во сива блуза со качулка, идентификуван како 19-годишниот Ентони Мек-Ги, во еден момент почнува да се движи кон семејството. Одеднаш, Мек-Ги го зграпчува детето.
Таткото успева да го оттурне, по што напаѓачот излегува од „видното поле“ на надзорната камера. Мек-Ги потоа, две улици потаму, и ги скршил рацете на 82-годишната жена.
Извесно време пред да се случи обидот за грабнување на бебето, Мек-Ги и скршил стаклено шише од главата на 42-годишната жена.
По бруталниот напад, сведоците се обиделе да го спречат да избега, но безуспешно. Потоа ги нападнал 29-годишните родители, а на жената и задал повреди на вратот и увото.
Дивеењето продолжило кога ја нападнал и ја давел 82-годишна жена, кршејќи и ги притоа двете раце. Неколку сведоци повикале полиција за да се обидат да го спречат.
„Слушнав како некој вреска. „Кога погледнав низ прозорецот, видов жена, а неа за врат ја држеше маж“, изјави за „ФОКС 8“ (FOX 8) жител на блиските станови“
„Мек-Ги ја давел повеќе од една минута“, соопшти полицијата.
Следувала бркотница по улиците, која заврши кога тој беше приведен.
„И го скршив вратот“, ѝ рекол 19-годишниот Мек-Ги на полицајците додека го воделе до полициското возило. Признанието, наводно, било снимено на камерата што на себе ја носел еден од нив.
Полицијата го окарактеризира дивеењето како низа „случајни напади“.
Мек-Ги се соочува со обвиненија кои вклучуваат напад, киднапирање, загрозување на благосостојба на дете, вооружена криминална акција и давање отпор при апсење.
Судијата нареди осомничениот да биде биде задржан во притвор без можност за кауција.
Исто така, се соочува и со обвиненија за неколку други инциденти претходно овој месец, вклучително и удирање жена во лице и плукање на полицаец.
Во првиот случај, полицијата рече дека Мек-Ги бил фатен како бара отклучени автомобили во Сент Луис на 12 октомври.
Тинејџерот е обвинет и дека три дена подоцна удрил студентка од Универзитетот во Вашингтон кога поминувал покрај неа во градот Клејтон. Побегнал, но сепак бил уапсен и обвинет за напад од четврти степен (прекршок) и давање отпор при апсењето.
Само две недели подоцна, на 25 октомври, тој беше обвинет дека плукал друг полицаец.
На Мек-Ги му беше издадена покана да се појави во Окружниот суд во Сент Луис на 21 ноември.
Џим Вајт, извршен директор на организацијата за безбедност Централ Вест, рече дека некои од нивните 275 камери за надзор снимиле делови од нападот, вклучувајќи го и обидот за киднапирање на бебето.
Мек-Ги од поодамна и е познат на полицијата, тврди Вајт.
„Имавме неколку кратки средби со него во врска со претходните инциденти“, изјави Вајт за весникот „Сент Луис пост“.
Припадниците на Тимот за поддршка на бездомниците неколку пати имале работа со него, пишува „Дејли мејл“ во своето денешно издание.







