Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во услови на пандемија забележано зголемување на депресијата и анксиозноста кај новинарите кои работат од дома
Во Фокусот

Во услови на пандемија забележано зголемување на депресијата и анксиозноста кај новинарите кои работат од дома

декември 3, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Онлајн работилница „Психолошка поддршка на новинарите во кризни ситуации“ организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и
Македонскиот институт за медиуми се одржа вчера и денеска на платформата Зум.

Новинарите во овие два дена споделија лични искуства од бегалската криза во 1999 и конфликтот во 2001, известувањето при упадот во Собранието на 27 април, 2017, пандемија на Ковид-19 и известувањето за состојбата во болниците, известувањето за мигрантската криза во 2015, притисоците врз новинарите и работењето од дома за време на пандемијата, а психологот Ана Блажева зборуваше за психолошката поддршка и даде практични совети за медиумските работници при мизвестување во кризни состојби.

Како што сподели на вчерашната работилница модераторката Тамара Грнчаровска, светските искуства покажуваат дека од 80 до 100 проценти мод новинарите биле изложени на трауматско искуство поврзано со нивната работа.

За зачестеноста на изложеноста на трауми дури 92 проценти доживеале четири трауматски искуства во текот на работниот век, а таа бројка кај некои од испитаните новинари се движи и до 81.

„Пред 20-на години новинарството е вброено во професиите кај кои е утврдено постоење на пост-трауматско стрес нарушување предизвикано од работата. Но, психолошкиот товар за новинарите од нивната работа не завршува само на тоа. Денес во услови на пандемија забележано е зголемувањето на депресијата и анксиозноста кај новинарите кои работат од дома, но и проблеми кај оние новинари кои директно се соочени со известување од терен за пандемијата. Уште во првите месеци од пандемијата направени се истражувања од страна на Ројтерс Институтот кои покажале психолошки промени кај 70 проценти од анкетираните новинари кои известувале за пандемијата, а повеќе од четвртина пријавиле симптоми на загриженост, чувство на безизлезност, несоница, недостиг на концентрација при извршување на работата“, соопшти Грнчаровска.

Работилницата имаше за цел отворено да се разговара за темата за која меѓу новинарите, фоторепортерите, снимателите малку се зборува, а ги засега сите нив, а тоа е психолошката поддршка за нивно справување со стресни, трауматски, кризни и опасни ситуации, закани, но и стрес предизвикан од работа дома особено сега во услови на пандемијата со Ковид-19.

Според психологот Блажева, емоциите се клучни во справувањето со сите предизвици кои ги имаме во животот.

Таа вели дека емоциите долго време имаат второстепено значење, и оти имаат значење на некоја примитивност, но во последните декади повторно се враќаат во фокус.

Блажева зборуваше и за границите на професионалното и личното кои се многу важна тема.

Иако тие постојат како некакви различни улоги кои ги имаме во животот, вели таа, неопходно е и во улогата и во контекстот да ја носиме таа граница.

„И покрај постоењето на разликата или границата на различните улоги кои ги имаме, сепак ние треба да можеме да го разбереме и она што го доживуваме како луѓе и на некој начин да го интегрираме тоа искуство вон сите тие различни места“, рече Блажева.

Како што додаде реакцијата на траума што ја имаме а автоматска, несвесна, телесна и искуствата на силно тресење на интензивни емоции се во функција на наша заштита.

Таа нагласи дека не постои индивудален пристап во справувањето со овие искуства. Важно е фокусот да не биде на индивидуата, туку тоа што е многу важно е да го донесеме контекстот и релациите.

„Во однос на емоционалната регулација што може да не поддржи–контактот со себе, со сопствените емоции, да можеме да ја препознаеме и именуваме емоцијата е пвиот чекор, потоа да видиме и провериме од каде доаѓа таа наша реакција, со што е поврзана, дали е поврзана со актуелната ситуација или со некоја претходна и да направиме разлика затоа што некогаш кога емоциите се поврзани со нашите минати искуства знаат да бидат поинтензивни, а да не бидат адекватни на актуелната ситуација. Нашиот одговор да не биде одговор на минатото искуство, туку на сегашното, прифаќање на емоцијата. Не постои начин на кој можеме да ја преиначиме емоцијата и не постои начин накој можеме да ја отфрлиме. Може да ја прифатиме таква каква што е и таа е адекватен одговор во ситуацијата“, рече Блажева.

актуелно анксиозност депресија новинари пандемија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.