Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВРИЕ ВО ДВЕТЕ КОРЕИ: Ким има нова „играчка“, тврди дека веќе ги брои американските бази
СВЕТ

ВРИЕ ВО ДВЕТЕ КОРЕИ: Ким има нова „играчка“, тврди дека веќе ги брои американските бази

ноември 24, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Кореја го прекина договорот, стар пет години, со Јужна Кореја за намалување на воените тензии меѓу тие две држави, јавува Би-Би-Си, пишувајќи за новата напнатост на границата на двете земји кои формално се во војна од 1953 година.

Новиот судир меѓу Сеул и Пјонгјанг експлодираше во вторникот, кога Пјонгјанг објави дека успешно лансирал шпионски сателит во вселената.

Сеул одговори дека суспендира дел од договорот од 2018 година, најавувајќи дека го обновува мониторингот на воздушни прелети долж границата со Северна Кореја.

Пјонгјанг сега порачува дека во целост ќе го суспендира договорот, со испраќање помоќни сили и опрема на границата.

„Од денес, нашата војска повеќе не е обврзана со Северно-Јужниот воен договор од 19 септември. Ги повлекуваме сите мерки за спречување воен конфликт во сите сфери, вклучувајќи копно, море и воздух“, се вели во соопштението на Пјонгјанг.

Освен тоа, Северна Кореја најави дека во пограничната област ќе испрати повеќе војници и повеќе опрема.

Пјонгјанг, потсетува Би-Би-Си, во вторникот истрелал проектил со, како што се верува, шпионскиот сателит Малигјонг-1. Тврди дека тестот бил успешен. Јужнокорејската војска потврди дека сателитот влегол во орбитата, но рече дека е рано да се каже дали тестот во целост бил успешен.

Сепак, Сеул го осуди лансирањето и донесе одлука да го врати надзорот на границата кој на Сеул му овозможува надгледување на севернокорејските истурени пунктови и на артилериското оружје со долг дострел, во чиј домет е главниот град на јужниот сосед.

Тоа е кршење на договорот од 2018 година за зоната на забранети летови, договорен да се минимизира можноста за конфликт меѓу две недоверливи и непријателски земји, чии сојузници од една страна се Кина и Русија, а од друга се Соединетите Американски Држави.

Би-би-си пишува дека Северна Кореја повеќе пати ги прекршила одредбите од договорот во текот на изминатите две години.

Пјонгјанг лансираше ракети и со топови пукаше во морето, во правец на Јужна Кореја. Минатиот декември Северот испрати дронови преку границата, а еден леташе се до Сеул. Ова беа дел од аргументите кои, објавувајќи за делумно суспендирање на договорот, ги наведе Јужна Кореја.

Некои експерти дури тврдат дека одлуката за целосно суспендирање на Северот всушност останува иста. Односно, нема многу да се промени.

Сепак, во светлоста на се полошите односи низ светот, уште една ескалација на тензиите, особено како што е оваа, на светската жаришна точка на 38-та северна паралела, загрижува дел од набљудувачи.

Некои тврдат дека всушност ништо нема да се промени и дека со суспензијата на договорот не значи дека ќе дојде до конфликт.

Би-Би-Си наведува дека, според Пјонгјанг, лансирањето на шпионскиот сателит е дел од „правото на самоодбрана“.

Меѓутоа, Јужна Кореја, САД и Јапонија тоа остро го осудија. Развојот на функционален шпионски сателит е главен дел од петгодишниот воен план на Северна Кореја, кој во јануари 2021 година го изнесе нејзиниот лидер Ким Јонг-ун.

Технологијата, теоретски, на Пјонгјанг би можела да му овозможи да го следи движењето на американските и јужнокорејските трупи и оружје на Корејскиот полуостров, а тоа би му овозможило да ги воочи дојдовните закани.

Тоа, исто така, би му овозможило на Северот попрецизно да планира потенцијални нуклеарни напади.

Севернокорејските државни медиуми тврдат дека лидерот на земјата, Ким Јонг-ун, веќе ги прегледува снимките од американските воени бази во Гуам, кои ги испрати новиот сателит, пишува Би-Би-Си, но тие информации не може да ги потврди.

Јужнокорејскиот министер за одбрана, Шин Вон Сик, претходно предупреди дека, ако Северот ја искористи суспензијата како изговор за да изврши провокации, Сеул „веднаш и цврсто ќе ја казни“ соседната земја.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)

актуелно војна Договор Кореја Пјонгјанг сателит Сеул
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.