Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вучиќ и стотина бизнисмени доаѓаат во Скопје на економски форум
Економија

Вучиќ и стотина бизнисмени доаѓаат во Скопје на економски форум

јули 24, 2021Updated:јули 24, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 28 и 29 јули ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во рамките на иницијатива за соработка позната како „Мини Шенген“, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на шефот на српската држава.

Заев, Вучиќ и Рама во Скопје ќе учествуваат на Економскиот форум за регионална соработка, организиран од стопанските комори на Македонија, Србија и Албанија.

Според податоците од веб-страницата на Економскиот форум, свое учество на собирот досега пријавиле вкупно околу 300 компании, од кои 175 од Србија, 79 македонски и 28 од Албанија, девет од БиХ. На Форумот ќе учествуваат и фирми од Австрија, Тајван, Полска и Грција.

Агенцијата за развој на Србија најави дека како дел од активностите на настанот, предвидени се деловни средби на бизнисмени од регионот по одржување на официјалниот дел од форумот.

Како што вчера изјави српскиот претседател во Скопје ќе бидат потпишани договори за менување на името на иницијативата „Мини Шенген“ и за воспоставување на посебни „брзи ленти“ на граничните премини за побрз проток на граѓаните од регионот.

„Ние работевме на три документи и верувам дека во Скопје ќе ги потпишеме. Тие се важни документи за трговијата, работните дозволи и заемната поддршка во случај на пожари, поплави и други катастрофи, што е во интерес на нашите народи“, изјави Вучиќ.

Тој изрази уверување дека „ќе биде направено многу за економскиот напредок на целиот регион и за Србија“.

„Ќе се обидеме да се договориме и за други работи, а на ‘Малиот Шенген’ ќе му дадеме ново име, затоа што нема никаква врска со Шенген. Ќе покажеме дека можеме да одиме уште подалеку. Ако имаме шест или осум ленти за луѓето што доаѓаат од
ЕУ, ќе имаме посебни ленти за луѓето од регионот или за овие три земји да можат побрзо да поминат, за луѓето да ја видат придобивката – да можат да поминат побрзо од оние што доаѓаат од ЕУ“, истакна Вучиќ.

Српскиот претседател додаде и дека онаму каде што ќе се постигне договор ќе биде направени т.н. „fast track“ (брз пат).

„Ќе направиме фитосанитарна инспекција 24/7 за да можат нашите бизнисмени да работат побрзо и да можат да остварат поголема заработка и профит“, додаде Вучиќ.

Иницијативата која досега се нарекуваше „Мини Шенген“ има за цел воспоставување на заеднички регионален пазар, кој, како преодна форма, треба да го приближи регионот кон ЕУ и да го забрза патот кон полноправното членство за земјите од Западниот Балкан.

Заедничкиот пазар на Западниот Балкан, согласно оваа иницијатива, се заснова на принципите на слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, исто како и во единствениот пазар на ЕУ.

актуелно албанија македонија србија форум шенген
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.