Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » г.Тимотеј: Треба да продолжат разговорите меѓу МПЦ-ОА и БПЦ
Во Фокусот

г.Тимотеј: Треба да продолжат разговорите меѓу МПЦ-ОА и БПЦ

декември 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Светиот архиерејски синод на Македонската правосалвна црква-Охридска архиепископија го прифати извештајот од почнатите разговори на црковните комисии на МПЦ и на Бугарската православна црква и донесе став разговорите меѓу двете црковни комисии да продолжат, изјави денеска портпаролот на Синодот, г.Тимотеј по синодската седница која се одржа денеска и на која беа разгледани повеќе актуелни прашања од црковниот живот на МПЦ-ОА.

Тој посочи дека САС на МПЦ покрај другото ги афирмира своите досегашни непроменети ставови и уште еднаш апелира до државните фактори и институции да го зачуваат Уставот на Република Македонија: да не се менува уставното име на Република Македонија, да не се менува уставната позиција на македонскиот јазик, да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија и да не се отстапува од македонскиот национален идентитет.

Со овој став на САС, додаде, целосно ги поддржуваат правата на останатите етнички заедници согласно Уставот на РМ.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што стои во Извештајот од седницата на првата комисија меѓу МПЦ и Бугарската православна црква и дали има некакви индиции што вчера во изјава ги кажа владиката Петар дека требало да биде јасно разграничено дека истоветноста на црквите не значи дека сме исти држави, ист народ и ист јазик со Бугарите и дека требало тука да се прецизираат. Рече дека никој од архиреите на МПЦ никогаш не го поставувал како прашање, ниту пак може да го поставува како прашање дека сме посебен народ, дека посебна држава и посебен јазик.

Така што, посочи г. Тимотеј, доколку некој има во глава такви размислувања или дилеми тоа е негов проблем, меѓутоа кај никој од архиереите, не само архиереите, туку сметам кон целокупното свештенство и монаштво нема такви размислувања.

Во врска со тоа дали Бугарската православна црква и официјално ја има известено Цариградската патријаршија за ова барање од МПЦ, истакна дека тие на 7 јануари патуваат за Цариград по повод отворање односно реконструкција или реновирање на нивната катедрала од периодот уште на егзархија Свети Стефан и смета дека тогаш и ќе разговараат.

„Претпоставувам дека и ќе бидат информирани. Од разговорот што го имавме тие ни кажаа дека се запознаени, меѓутоа колку се запознаени во овој момент не можам да зборува во нивно име, рече г.Тимотеј.

Додаде дека следната средба се очекува во текот на јануари.

„А барање е автокефалност на МПЦ. Тоа е основната цел, рече г.Тимотеј.

И во врска со српските ставови појасни дека тие 50 години ги слушаат.

„Во една моја претходна изјава имав кажано дека не се само тие играчи во православниот свет, додаде г.Тимотеј.

актуелно бугарска монаштво мпц рм сас тимотеј Устав цариградска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.