Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Гарет му врачи покана на Заев за Самитот во Лондон
Македонија

Гарет му врачи покана на Заев за Самитот во Лондон

декември 22, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет денеска на премиерот Зоран Заев му врачи покана од премиерката Тереза Меј за Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи во Лондон во јули следната година во рамки на Берлинскиот процес.

Во писмото, британската премиерка нагласува дека целта на Самитот во Лондон е да се поддржат земјите од Западен Балкан во нивната посветеност за добрососедски односи, регионална соработка и адресирање на предизвиците во овие процеси.

Премиерката Меј потсетува дека лидерите на Самитот во Трст се согласиле дека интеграциите се „стратешка инвестиција во мирот, демократијата, просперитетот, сигурноста и стабилноста на Европа во целост“ и додава дека Велика Британија е подготвена да помогне со експертизи и искуствата за посилен прогрес. Посочувајќи дека поддршката на Велика Британија на регионот е долгорочна, премиерка Меј нагласува дека го поддржуваат регионот на неговиот евро-атлантскиот пат.

Владината прес-служба соопшти дека премиерот Заев на средбата со британскиот амбасадор се заблагодарил за поддршката што и ја дава Велика Британија на Република Македонија и на целиот Западен Балкан.

Двајцата соговорници разговарале за важноста на планираните теми за кои што ќе се дискутира на Самитот во Лондон. Во делот на обезбедувањето просперитет, се планира фокусот да биде ставен на меѓусебното поврзување на државите, енергетиката, дигитализацијата и претприемништвото, а во делот на безбедноста, на справувањето со корупцијата, организираниот криминал, движењето на луѓе и стоки, тероризмот и насилниот екстремизам.

Премиерот Заев најавил дека Македонија ќе даде активен придонес во сите важни прашања што ќе бидат тема на Самитот.

„Стратешки цели на Република Македонија се интеграциите во Европската унија и во НАТО. Свесни сме дека само заедно, како регион, низ добрососедска економска и политичка соработка можеме да обезбедиме напредок и да придонесеме кон безбедноста и развојот и за државите, и во поширока смисла и јас како премиер и Владата на Република Македонија силно се посветени на овие цели и процеси – истакнал Заев.

Разговарано е и за важноста од потребните внатрешни реформски процеси, особено во делот на независноста на правосудството и владеењето на правото.

актуелно берлиснки процес британија Европа Заев лондон македонија Трст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.