Во Германија за првпат е надмината бројката од 200.000 новозаразени со коронавирус што е нов рекорд кога се во прашање новите случаи за едно деноноќие во таа земја.
Германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох соопшти за 203.136 позитивни тестови во последните 24 часа, што е за 69.600 случаи повеќе отколку истиот ден пред една недела. Седумдневната инциденца на 100.000 луѓе се искачи на 1.017 од 941 претходниот ден, додека 188 лица починаа.
Со тоа, бројот на починати се зголеми на 117.314 од почетокот на пандемијата.
МИА