Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Гир од Охрид: Да се зачува природното и културното наследство за да биде достапно и на идните генерации
Градови

Гир од Охрид: Да се зачува природното и културното наследство за да биде достапно и на идните генерации

јануари 27, 2021Updated:јануари 27, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Природното и културното наследство имаат универзална вредност за сите нас како поединци, заедници, општества, но и за пошироките организации. Токму тоа наследство треба да се сочува со цел да биде подостапно за идните генерации, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир, споделувајќи ја загриженоста на УНЕСКО за ризикот Охридскиот регион да биде ставен на листата на светско наследство, кое е во опасност.

По денешната средба во Охрид со градоначалникот Константин Георгиески, нагласи дека Европската Унија ја поддржува вклученоста на заедницата во адресирање на прашањето за заштита на регионот на Охридското наследство.

-Зачувувањето на природното и културното наследство на Охридскиот регион, бара силна владина посветеност за имплементација на сите тие препораки, која што бара поголема координација меѓу одговорните министерства и другите институции. Сето тоа бара и ангажман на национално и на локално ниво, што ќе биде поддржано со соодветна буџетска поддршка, рече Гир.

Мисијата за зачувување на регионот за човештвото, според него, треба да има поддршка од сите политички сили.

– Тоа треба да биде национален зафат и активност, која ќе ги обедини сите чинители во општеството, како на националното, така и на локално ниво и да биде во партнерство меѓу властите, цивилното општество, локалните заедници и локалните бизниси, истакна амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија нагласувајќи ја поддршката на Унијата во процесот.

Градоначалникот Георгиески информира дека на средбата било разговарано за тековните прашања во општина Охрид, со посебен акцент на статусот на Охрид во УНЕСКО во имплементација на препораките и нацрт-извештајот.

Одговарајќи на новинарски прашања градоначалникот забележа дека УНЕСКО ги заострува критериумите во цел свет и оти листата на загрозени подрачја од година во година се зголемува.

– Ставањето на Охрид во листа на опасност, воопшто не е таква трагедија, како што е претставена во јавноста. Доколку се случи тоа нешто ние треба да ги дуплираме нашите напори и како локална самоуправа и како држава да направиме план и сите препораки да ги имплементираме побрзо, рече Геогриески.

актуелно Гир културно наследство охрид
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.