Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе ги соопшти новите малопродажни цени на нафтените деривати кои ќе важат во следните седум дена.
Новата одлука се носи во период кога суровата нафта на светските берзи бележи раст и достигна цена од 116 долари за барел, што претставува скок од околу шест проценти на неделно ниво.
Според последната одлука на РКЕ, цената на бензините се намали за 2,50 денари по литар, додека дизелот поскапи за два денари.
Тренутно, максималната малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 96 денари за литар, а Еуросупер БС-98 се продава по 98 денари за литар. Еуродизелот чини 99 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 110,50 денари за литар.







