Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Град“ – ново поетско дело на Иван Џепароски
Култура

„Град“ – ново поетско дело на Иван Џепароски

октомври 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во издание на „Ми-Ан“ од Скопје објавена е стихозбирката „Град“ на македонскиот поет, критичар, филозоф и естетичар Иван Џепароски.

Пет години по објавувањето на неговата поетска книга „Светлината на Света Гора“ (2015), за која ја доби нашата највисока поетска награда „Браќа Миладиновци“, Џепароски го менува топосот на своите поетски интереси посветувајќи ја книгата „Град“ на градот во кој го минал целиот свој живот–на градот Скопје.

На епистемолошки план книгата ја следи траекторијата од времето на римско „Scupi“, преку скопскиот земјотрес од 1963 година, што авторот како петгодишно дете и самиот го доживеал, па сè до денешни дни, додека на формален план таа содржи елементи и на епската поезија–епската широчина, одмерениот ритам, повторувањето, но и на лирската поезија интимната, социјалната и интелектуалната лирика.

Поговорот на оваа книга е на академик Георги Старделов, кој ги истакнува белезите и доблестите на ова дело.

„Кога во една научна или уметничка област ќе се појави нешто подруго и поинакво, нешто што досега е невидено во неа, тогаш сето внимание на нејзините истражувачи е свртено и сосредоточено токму на него. Тоа нешто, во нашиов случај е седмата по ред поетска книга на Иван Џепароски, „Град“. (…) Сега ни станува сосема јасна, дури и круцијална идејата на книгата песни (…) да создаде нешто што јас го нарекувам
компаративна поезија, поезија која ги опфаќа и споредува времињата на Scupi, римскиот свет, и времињата на Скопје како нов македонски свет. Книгата „Град“ е книга на сосем поинакви песни. Таа блика со многустрани и разнострани знаења и познанија. Неа ја одликува високорафинирана култура, сфатена, доживеана и обликувана како поезија и рафинирана поезија, сфатена доживеана и обликувана како култура. (…) Се обидувам во еден лаконски стил да го соопштам мојот последен суд како заклучок за неговата поезија од оваа книга. Мислам дека е таа интегрална, сестрана и сеопфатна поезија“, пишува академик Старделов.

Иван (Ивица) Џепароски (1958, Скопје) е естетичар, теоретичар на културата, поет и критичар.

Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје каде што магистрирал и докторирал.

Автор е на триесет книги, и тоа: на седум поетски книги, на четиринаесет книги од областа на естетиката и на културната теорија, на три поетски антологии и на шест
теориско-есеистички избори.

За своето творештво ги има добиено наградите „Млад Борец“ (1984), „Димитар Митрев“ (1993) „Парадигма“ (2009) и „Браќа Миладиновци“ (2016).

Добитник е и на наградата „Григор Прличев“ (1993) за поетски превод.

Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како редовен професор по предметите: Естетика, Историја на естетиката и Филозофија на културата.

Бил и е раководител на Институтот по филозофија (2004- 2009; 2013-2020) и секретар на Македонскиот П.Е.Н. Центар (1999-2001; 2008-2014).

Се занимава и со превод: Вилијам Блејк, Џејмс Џојс, Јосиф Бродски, итн.

Неговата поезија и некои од неговите теориски дела се преведени во посебни книги на над дваесет странски јазици во светот, а избори од неговата поезија се објавени во одделни книги во превод на англиски, бугарски, српски, албански и романски јазик.

Неговата антологија „Македонскиот есеј“ преведена е на англиски, француски, германски, руски, шпански и на кинески јазик, додека книгата „Уметничкото дело“
на албански јазик.

град Иван Џепароски поетско дело
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.