Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Груевски „во обиколка“ на Собранието
Македонија

Груевски „во обиколка“ на Собранието

април 4, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се појави на шестото продолжение на конститутивната седница во Собранието, на која и натаму се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Иако закажана за во 11 часот, седницата почна со задоцнување од речиси еден час, поради консултации на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Процедуралните забелешки и реплики и препирки за платформата на албанските партии и за двојазичноста, без дискусија за предложените кандидати, ја одбележаа и оваа седница.

Пратениците од СДСМ реагираа дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието кршејќи го деловникот за работа и порачаа дека треба под итно да се избере нова влада.

Обраќајќи се кон претседавачот Трајко Вељаноски, пратеникот Петре Шилегов рече дека шести ден неовластено заседава со седницата, а тоа, како што напомена, значи 120 илјади евра штета за граѓаните.

“Вие претседателствувате со седницата со која создаваме пракса за да не може да се движат демократските процеси. И покрај манифестираната волја на граѓаните, Македонија да не може да оди напред”, дециден беше Шилегов.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираа дека дебатата во парламентот се одвива според сите процедури пропишани во Деловникот и повторно побараа од СДСМ да каже што точно е договорено со албанските партии во однос на нивната декларција.

“Најмалку е важно дали се вика платформа или декаларација. Тоа е само обид да се тргне вниманието на граѓаните од содржината на документот кој што ја загрозува унитарноста на државата. Деновиве видовме дека министерот за надворешни работи на Република Албанија не само што потврди дека има платформа туку побара истата да влезе во Уставот на Република Македонија што претставува грубо мешање во внатрешните работи”, рече Илија Димовски.

Официјалната статистика на Собранието покажува дека минатата недела ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на собраниската говорница зборувале точно 557 минути, СДСМ и коалицијата на говорница биле 305 минути, ДУИ 51 минута, Алијансата за Албанците 24 минути и БЕСА 9 минути.

Од 184 процедурални дискусии, 90 биле на СДСМ, а 66 на ВМРО-ДПМНЕ.

Конститутивната седницата на македонското Собрание ќе продолжи утре во 11 часот.

За дискусија се пријавени 50 пратеници, а досега своето право го искористија само четворица.

 

 

 

актуелно Никола груевски реплики седница собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.