Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не го призна поразот, а за истиот ја обвини полицијата која според него вршела насилство и терор да се гласа за СДСМ. Тој рече дека закани имало и кон судии, обвинители и медиумите кои подлегнале на притисокот.
„Од утре ќе има нови изживувања, апсења, носење на лица во притвор и затвор, зашто мислат дека така ќе не скршат.
„Ние ќе издржиме, не се плашиме од вашиот терор, ние сме ВМРО, рече Груевски.
„Како што кажав неодамна дел од гласовите кои ДПМНЕ ги доби порано а не ги доби сега се поради разочараност на нашите поддржувачи и некои незадоволства со некои поединци од нашата партија. ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да направи анализа и да се исправат тие грешки или да се објаснат на најсоодветен начин.
„Откако ќе ги имаме сите информации ќе ја оцениме одговорноста и ние од тоа не бегаме. Но Македонија денеска немаше избори, по секоја цена Заев и СДСМ сакаа да добијат легитимитет за редифинирање на државата по сите основ, рече тој.
ВМРО-ДПМНЕ се соочи со двоен противник. Првиот е СДСМ кој лесно ќе го победиме во демократски услови, но полицијата беше поголем противник која брутално се ангажираше за партиски цели на СДСМ.
Македонската полиција која ја имаше нашата почит и поддршка за жал падна на испитот
Ова беше силување на Македонија. Тие дела не застаруваат. Еден од нас ќе остане, од ВМРО-ДПМНЕ секогаш некој ќе остане и нема да прости.
Заев и СДСМ сакат да лапнат голем залак, ама ќе си ги скршат забите, рече Груевски.







