Во рамките на Светскиот економски форум што од 23 до 26 јануари ќе се одржи во Давос, Швајцарија, според онлајн изданието на грчкиот весник Real, македонскиот и грчкиот премиер ќе одржат билатерална средба.
Според информациите освен премиерите, во Давос ќе бидат и шефовите на дипломатиите на двете земји. Грчките медиуми во изминатиот период шпекулираа дека е можна средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас на форумот, но не постоеше потврда ниту од едната ниту од другата страна.
Од владината прес служба, пред три дена соопштија дека владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 25 и 26 јануари ќе учествува на Светскиот економски форум кој ќе се одржува во Давос, Швајцарија.







