Со 153 гласа „за“, 140 „против“ и еден воздржан, пратениците во грчкиот Парламент по речиси 11-часовна расправа го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО.
Се гласаше со прозивање и „да“ и „не“ одговори на пратениците.
На гласањето му претходеше жестока расправа меѓу премиерот Ципрас, коалицискиот партнер Каменос и лидерот на Нова демократија Мицотакис.







