Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Д-р Стевановиќ: Во зима ќе биде уште потешко да го намалиме ризикот од инфекција со Ковид-19 ако не се придржуваме до мерките
Во Фокусот

Д-р Стевановиќ: Во зима ќе биде уште потешко да го намалиме ризикот од инфекција со Ковид-19 ако не се придржуваме до мерките

септември 23, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со доаѓањето на зимата ќе биде уште потешко да се заштитиме и да го намалиме ризикот од инфекција со новиот коронавирус, доколку строго и принципиелно сите не се придржуваме до препорачаните мерки.

Поради ниските температури ќе бидеме затворени внатре, ако не се придржуваме на високите стандарди за одржување на хигиената, правилното користење на маската и избегнување собири каде не може да се обезбеди соодветна дистанца, ризикот од пренесување на инфекцијата ќе биде поголем.

Ова го истакнува директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ во интервју за агенцијата Марили.

Таа посочува дека во текот на зимскиот период има многу други горно-респираторни инфекции кои се пренесуваат на ист начин и со слични симптоми како и новиот коронавирус, па ќе биде и потешко да се диференцираат.

Затоа, нагласува д-р Стевановиќ, придржувајте се на препорачаните мерки за превенција.

Според неа, сите преземени мерки за намалување на ширењето на епидемијата и минимизирање на бројот на новоинфицирани и заболени биле круцијални во справувањето со Ковид-19.

„Не само со опремувањето, туку и со организација на целокупниот здравствен систем, мораше да се испланираат и организираат и дополнителни капацитети како болнички, така и професионални, иако во почетокот тие не беа потребни, но во наредните месеци се покажа дека се од круцијално значење за функционирање на здравството во целата држава“, вели д-р Стевановиќ.

Во врска со тоа какви се моменталните капацитети на Инфективната клиника за справување со Ковид-19 во однос на вкупните капацитети, дали при евентуален нов посилен бран есенва, би била активирана и мобилната болница поставена во кругот на Клиниката и дали има доволно персонал, д-р Стевановиќ потенцира „не се работи само за вкупните расположливи капацитети на Клиниката, кои се исполнети во околу 80
проценти во моментов, туку за простор кој мора да биде „чист“ без Ковид-19 каде ќе се лекуваат пациентите со инфективни заболувања, а нема да бидат инфицирани со новиот коронавирус, за нив мора да обезбедиме безбеден простор за лекување“.

Таа верува дека во наредниот период и новата болница ќе биде активирана и ставена во функција за да ги задоволат сите потреби како просторни, така и со високи стандарди за лекување и грижа на пациентите.

„Персоналот како здравствен, така и помошен, секогаш е во помал број од потребниот и тоа е пречка која мора да ја надминеме„, додава д-р Стевановиќ.

актуелно Д-р Стевановиќ инфекција Ковид-19 ризик
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.