Италијанската војска и полицијата, вчера, на отворено море во близина на источниот брг на Сицилија пронајдоа досега најголема количина на кокаин некогаш запленета во Италија.
Дрогата била спакувана во 70 специјални пакети, а нејзината вредност се проценува на близу 400 милиони евра. Пакетите биле поврзани со мрежи со уреди кои емитувале светлосни сигнали.
Припадниците на воздухопловно-морска единица ги забележале пловечките објекти и продолжиле со воздушното извидување, за да провери дали можеби има нешто друго во областа околу оваа морска област.

Локалните медиуми, повикувајќи се на изјави од лица вклучени во истрагата, информираат дека дрогата, за која подоцна ќе биде констатирано дека е висококвалитетен кокаин, била сместена во 1.600 векни леб, со вкупна бруто тежина од речиси 2.000 килограми.
Се претпоставува дека пакетите со дрога во морето ги оставил еден или неколку товарни бродови, за потоа да ги „соберат купувачите“.
(Фото: Твитер)







