Откако во средата кај Имотски запре возило во кое беа затекнати 12 илегални мигранти од Иран и Авганистан, хрватската полиција приведе двајца Срби и еден Австриец. Сплитско далматинската полиција денес извести дека завршила истрагата за 25 и 22 годишните српски државјани и за 41-годишниот државјанин на Австрија, заради сомневање дека извршиле кривично дело противправен влез, движење и престој во Хрватска, пренесе Хина.
Полицијата кај местото Пољице на подрачјето на Имотски во средата околи 21 часот запрела возило со австриски регистерски таблички во кое имало 12 лица, државјани на Ирак и Авганистан, за кои е утврдено дека незаконски влегле и престојувале во Хрватска.
Кратко време потоа, во истото место е запрено друго возило, исто така, со австриска регистрација во кое биле 22-годишниот Србин и 41-годишниот Австриец. Двајцата се сомничат дека биле претходница на првиот автомобил.
Сите тројца осомничени со кривична пријава се предадени на истражен судија.







