Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Делегација на ЕУ: Да се почитува слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост
Политика

Делегација на ЕУ: Да се почитува слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост

февруари 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Делегацијата на Европската унија во Скопје денеска преку соопштение потсети на важноста на слободата на изразувањето и на медиумите, како и на важноста од пристап до информации за сите граѓани, по последните случувања помеѓу Македонската медиумска асоцијација и Здружението за информатичко комуникациски технологии, откако кабелските оператори најавија прекин со реемитување на ТВ каналите како реакција на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и обврските што ги имаат вооднос на авторските права.

Од Делегацијата на ЕУ ги повикаа Владата, кабелските оператори и телевизиите заедно со регулаторното тело во областа да најдат заедничко одржливо решение за почитување на овие принципи, за работа за сите комерцијални оператори, како и за примена на правата од интелектуална сопственост.

Подготвени се, како што велат и да обебзедат дополнителна техничка помош за јакнење на правната рамка и воспоставување правила за сите во медиумскиот сектор.

„Во однос на случувањата помеѓу Македонската медиумска асоцијација
и Здружението за информатички и комуникациски технологии, Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија е свесна за ситуацијата и многу внимателно ги следи случувањата. Делегацијата на ЕУ потсетува на важноста на слободата на изразување, слободата на медиумите и важноста до пристап за информации за сите граѓани. Ја повикуваме Владата, ТВ-станиците и кабелските оператори во Република Северна Македонија, да седнат на маса со регулаторот за медиуми, да изнајдат одржливо решение што ги почитува овие принципи, работа за сите комерцијални оператори на пазарот и коешто обезбедува имплементација на правата од интелектуална сопственост“, наведува Делегацијата на ЕУ во ставот во однос на слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост.

Од Делегацијата на ЕУ дополнуваат дека се подготвени да обезбедат дополнителна техничка помош за зајакнување на правната рамка и обезбедување сеопфатен и постојан пакет правила за сите чинители во медиумскиот сектор.

Здружението на информатичко-комуникациските технологии вчера соопшти дека како општествено одговорни компании и имајќи ја предвид сериозноста на ова прашање, операторите по средбите со државниот врв се согласиле да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ, за да остават простор за наоѓање законско решение во интерес на граѓаните.

Според Здружението, законските измени се спротивни на ЕУдирективите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што, како што тврдат, имаат добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Претходно, петте национални телевизии при Македонската медиумска асоцијација ја оценија најавата за прекин на реемитувањето како апсурдна, паушална и незаконска и повикаа сите да ги почитуваат авторските права и оти законот е токму во таа насока.

Обвинија дека се соочуваат со пиратерија на 10-ина странски канали и апелираа операторите да ја преиспитаат најавата за прекинот, а надлежните институции да ги потсетат на обврските што ги имаат со добиените лиценци за работа.

Ресорниот министер Дамјан Манчевские, пак, е оптимист дека ќе се најде решение и очекува позитивен ефект од стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Интензивно комуницираме на темата со радиодифузерите и операторите сега и пред декември 2018 година и сме имале бројни состаноци за да се обидеме да најдеме решение. Законот се донесе со целосен консензус во Собранието и го поддржаа сите политички партии и со договор помеѓу радидифузерите и операторите. Проблем е на сите тоа што во овие повеќе од една година никој ништо не направи за да се подобри состојбата. Сега се обидуваме да најдеме решение кое ќе значи средување на состојбата, но без да има штета на грбот на граѓаните и корисниците на услугите. Уверен сум дека такво решение постои и оти ќе го имплементираме“, изјави Манчевски.

актуелно делегација ЕУ медиуми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.