Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дескоска на министерски состанок за реформа на образованието во Западен Балкан
Во Фокусот

Дескоска на министерски состанок за реформа на образованието во Западен Балкан

септември 28, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иднината на ЕУ и на регионот почиваат на силната економија, која се заснова на знаењето и на иновациите, констатирано е на денешниот регионален состанок на министрите за образование и наука во Белград, на кој учествуваше и македонската министерка Рената Дескоска.

На конференцијата на која присуствуваше и еврокомесарот за образование, култура и спорт Тибор Наврачиќ, министрите и претставниците од високообразовните институции од Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, заклучија дека постоењето на Западнобалканската платформа за образование и наука е исклучително важна за соработката на земјите од регионот, за размена на искуствата и на знаењето, како и за членството во ЕУ.

Министерката за обаразование и наука Дескоска рече дека целта на конференцијата е да се продлабочат можностите за регионална соработка, зголемување на капацитетите на истражувањето и на науката во нашите земји, поврзување на нашите истражувачи меѓусебно, но и поврзување со истражувачите во ЕУ со цел да ги направиме нашите земји компететивни во рамките на науката и образованието.

Според Дескоска,  една од клучните акценти на конференцијата е можноста за што е можно поголемо искористување на фондовите на ЕУ за развој на образованието и науката, вклучувајќи ги Еразмус плус и другите програми.

„За жал, Р.Македонија досега нема голем процент на искористеност на можностите што се нудат во рамките на овие програми. Така што разговаравме за популаризирање на овие програми во нашите земји, универзитетите, обука на младите истражувачи, на центрите за истражување, за конкурирање…за се она што ќе значи збогатување на искуствата на истражувачкиот кадар, на образовниот кадар, на нашите студенти,  со цел да се подобрат нивните знаења и да са направи Македонија конкуретна во рамките на науката и образованието во регионални и во европски рамки, изјави министерката Дескоска.

Според Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Република Македонија е единствена од земјите учеснички на Шестиот Министерски состанок на Западно-балканската платформа за образование и обука која е полноправна членка во Програмата Еразмус плус и која има целосен пристап до европските фондови за образование, обука, млади и спорт.

Според него, Националната агенција кон крајот 2013 г. ги оствари сите критериуми зададени од Европската комисија и се стекна со право на полноправно учество во програмата Еразмус плус со што станавме равноправни со сите европски Национални агенции, а Република Македонија се стекна со статус на Програмска земја.

Добивањето на статус на програмска земја во програмата ЕРАЗМУС ПЛУС значи значитено зголемување можностие за македонските корисници како и потврдување на определбата на Р. Македонија за креирање на модерен и европски образовен систем. Овој статус им обезбедува на македонските граѓани еднаков статус каков што имаат и граѓаните на земјите членки на Европската унија во програмата Еразмус плус.

Министерскиот состанок во Белград се одржа по повод одбележувањето 30 години од програмата Еразмус плус.

актуелно Белград Еразмус ЕУ македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.