Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров за „Та Неа”: Соработката е инвестиција во стабилноста
Македонија

Димитров за „Та Неа”: Соработката е инвестиција во стабилноста

мај 17, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров е уверен во, како што вели, историското значење на Преспанскиот договор бидејќи отвори можност за соработка меѓу двете држави, што е инвестиција во стабилноста.

„Ние сме соседи и верувам дека долгорочно е многу важно соседите да ти се пријатели и поддржувачи. Се отклучи нашиот влез во НАТО, што е важно и ѝ дава сила на нашата земја, во еден регион што не е сосема „среден“. Тоа беше и еден чекор кон нашите преговори со ЕУ. Се отвори нова страница за соработка. Сега премиерите Заев и Мицотакис разговараа за големи проекти особено во областа на енергијата. Грција
е многу важен трговски партнер и во Северна Македонија имаме големи грчки инвестиции. Уверен сум дека Договорот беше историски. Ќе бидат потребни години со цел да ја увидиме потребната историска дистанца за да го утврдиме неговото историско значење. Но, историјата ќе покаже дека бевме во право. Немам никаква дилема во тоа. Обично кога зборуваме за Преспанскиот договор се мисли на решавањето на проблемот со името. Но, договорот има и друга димензија што се однесува на јакнењето на соработката во сите области. И тоа беше инвестиција во стабилноста на регионот“, вели Димитров во интервју за вчерашното издание на грчкиот дневен весник „Та Неа“.

Тој во интервјуто нагласува дека е многу важно знамето на Европската Унија да го опфати и Западниот Балкан, бидејќи тоа е прашање на заокружување на процесот на обединување на Европа.

„Не мислам дека Европа може да биде обединета без еден регион кој е во рамки на нејзините граници. Луѓето во Западна Европа обично кога зборуваат за Западниот Балкан сметаат дека тоа е регион што се граничи со Европа, но во реалноста тоа е регион што е опкружен со земји-членки на ЕУ. Нашата географија, нашата економија е дел од Европа. И Западниот Балкан и Европа ќе бидат подобри ако знамето на ЕУ го покрие и овој регион. Имаме заеднички интереси во областа на безбедноста и тоа не се ограничува само на безбедноста на Балканот, туку и на безбедносните ризици во Европа“, потенцираше Димитров.

Во тој контекст, тој се осврнува и на важноста на европската перспектива на Северна Македонија, која, како што вели, е тест за кредибилитетот на ЕУ.

„Нашиот случај е особено индикативен. Едно дете што се родило во мојата земја, сегашна Северна Македонија, кога ја потпишавме Спогодбата за стабилизација и асоцијација, денес има 20 години. Ние сме земја-кандидат 16 години. Се движиме во вистинскиот правец, сакаме да бидеме динамична европска демократија со просперитетна економија. Инвестиравме време, спроведовме реформи, покажавме посветеност и решителност во решавањето на тешки проблеми и ја издигнавме демократијата. Случајот на Северна Македонија претставува тест за ЕУ и ако наскоро немаме позитивен развој, ќе се доведе во прашање кредибилитетот на Унијата“, вели македонскиот вицепремиер.

Осврнувајќи се на блокадата од Бугарија, тој посочи дека надминувањето на овие прашања е многу битно и за двете држави, конечно и за самата Унија.

„Она што го научив од Преспанскиот договор е дека преговорите ќе бидат успешни доколку и двата соседи се победници. И мислам дека правиме сѐ што можеме за да го постигнеме тоа и со Бугарија. Имаме разлики. Некои од прашањата што ги поставува Бугарија не се целосно во склад со европските вредности. Јас сум сосема уверен дека ќе има успех и за Северна Македонија и за Бугарија и за ЕУ“, вели Димитров во
интервјуто за „Та Неа“.

Коментирајќи го неодамнешниот нон-пејпер за промена на границите на Балканот, тој укажува дека секое бледнеење на европската визија за овој регион, раѓа компетитивни визии за иднината, поради што ЕУ мора одлучно да дејствува.

„Овој таканаречен нон-пејпер предизвика дискусија што ја сметам за опасна. Визијата за Балканот треба да биде европска каде границите сѐ помалку имаат значење. Сметам дека на регионот не му требаат поголеми држави туку величествени европски демократии и економии Ваквите агенди јакнат затоа што слабее европската идеја за обединет европски Балкан во обединета Европа. Јас се обидувам да го активирам ‘ѕвоното на опасноста’. Време е да се активираме. При секоја посета на Грција се обидувам да научам еден грчки збор. При првите посети беше „пријателство“, потоа „спогодба“, па „спокој (мир)“, па „визија“, а овојпат е „сега“. Сега е време“ да се придвижиме започнувајќи го европскиот пат на Северна Македонија и Албанија“, рече Димитров.

 

(Фото: МИА)

актуелно балкан бугарија Грција Европа македонија преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.