Министрите за надворешни работи на Македонија и Србија, Никола Димтров и Ивица Дачиќ, денеска во Ниш ќе разговараат за можностите за унапредување на односите меѓу двете земји по неколкудневната дипломатска криза што беше надмината по телефонскиот разговор меѓу македонскиот премиер, Зоран Заев, и српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Предвидено Димитров и Дачиќ по средбата да одржат и заедничка прес-конференција.
Во меѓувреме, пресоналот од Амбасадата на Србија кој во неделата бепе повлечен на итни консултации во Белград, од вчера почна да се враќа во Скопје. Враќањето на амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ е најавено за 31 август, а ден подоцна се очекува таа да биде примена од македонскиот премиер Заев.
Македонската амбасадорка во Белград, Вера Јовановска Типко, пак, вчера беше примена од српскиот претседател Вучиќ, кој ги повтори заложбите за унапредување на односите меѓу двете земји и најави дека ќе биде иницирано одржување заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годинава.
Поканата за заедничка владина седница, се очекува утре на македонскиот премиер Заев да му ја пренесе спрската премиерка, Ана Брнабиќ на средбата што треба да ја имаат на неформалниот состанок на премиерите од Западен Балкан во Драч.







