“До крајот на оваа година периодите на евтина стурја ќе бидат вратени. Ќе ги направиме сите потребни анализи пред да го направиме овој чекор, рече премиерот Зоран Заев на дебата на МТВ каде одговараше на новинарски прашања.
Тоа ќе го направиме на тој начин со тоа што ќе се скратат “набилданите” трошоци кои ја покачуваат цената на електричната енергија и на тој начин ќе ја вратиме ефтината тарифа.
На новинарско прашањето кога очекува да се оствари неговото ветување дека просечната плата ќе достигне цифра од 500 евра, Заев изјави дека тоа би било можно да се случи по две ипол години, односно во 2019 година.
“Тоа нема да се случи веднаш, ниту на крајот на нашиот мандат. Би можело да се исполни некаде на средина на нашиот мандат во 2019 година”, истакна Заев.







