Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Договорот од Преспа затвори неколку грчки училишта
Европа

Договорот од Преспа затвори неколку грчки училишта

ноември 30, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Само во 13.9 отсто од средните училишта во Грција вчера имаше опсади од учениците, поради Договорот од Преспа, покажаа податоците од Министерството за образование на Грција.

Во овие училишта немаше настава, додека, пак, ученици и студенти излегоа на протести во Солун, Атина и други грчки градови.

„Македонија е грчка“ се слушаше на солунските улици, „Грција, Турција, Македонија – непријателот е во банките и во министерствата“, на улиците во Атина. И едните и другите се ученици и студенти, но со дијаметрално спротивни ставови. Едните против Договорот од Преспа, другите за решение и мирен соживот.

Со оглед на тоа дека главната причина и повод за мобилизацијата на  учениците во Северна Грција е Договорот од Преспа, дописничката на МИА од Атина разговараше со ученици и студенти во Атина, во однос на решението меѓу Македонија и Грција. Тие коментираат дека е важно да има соработка меѓу двата народи за да живеат во мир, далеку од национализмот и фашизмот.

„Јас го поддржувам Договорот од Преспа, бидејќи сметам дека е една добра основа за да почне соработка меѓу двата народи. Сметаме дека сето она околу иредентизмот што го споменуваат радикалната десница и десницата, како аргумент е целосно неточно, не постои такво нешто. Тоа го тврдат националистите и од една и од друга страна. Народот и од едната и од другата страна нема такви перцепции“, вели ученикот Зисис.

„Сметам дека договорот е фер. И вие сте дел од географскиот регион Македонија, па така одговара името Северна Македонија со кое се прави разлика од грчката Македонија, но најважно од се е дека се реши прашањето што не разделуваше“, вели студентот Михалис.

„Јас како дел од студентското движење мислам дека нас како народи ништо не нѐ дели, треба да се бориме заедно со нашите пријатели и колеги и во Македонија и во Турција, против омразата и национализмот, а за нас непријателот е еден и се наоѓа во банките и министерствата. Треба против ова да се бориме, збратимени со народите и од Македонија и од Турција“, вели Пинелопи.

Студентот Андонис пак има поразличен став, се согласува со ставот дека потребно е да постои решение меѓу двете соседни земји за да создаде услови за мирен соживот, но смета дека содржината на Договорот од Преспа им служи на американските интереси.

„Сметам дека договорот од Преспа е реактивен договор бидејќи вистинската содржина се однесува токму на обидот на Американците за да го прошират нивното влијание на Балканот. Вистинските цели на Договорот од Преспа е интеграција на нашата соседна земја во НАТО, нешто што нема ги доближува двата народи“, вели Андонис.

Опсадите и активностите на учениците во Грција, веќе неколку дена се тема, причина и повод за политички препукувања меѓу грчките партии.

Грција Договор македонија преспа училишјта
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор

јуни 10, 2026

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран

јуни 9, 2026

Украина ѝ се извини на Грција поради украински поморски дрон пронајден кај Лефкада

јуни 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.