Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Државна помош од 17,2 милиони евра за 400 компании што инвестирале во услови на пандемија
Македонија

Државна помош од 17,2 милиони евра за 400 компании што инвестирале во услови на пандемија

ноември 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вкупно 400 компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот ги исполнија условите од Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентоста на деловните субјекти во текот и во пост-ковид периодот ќе добијат финансиска поддршка од државата за своите инвестиции во вредност од 17,2 милиони евра.

Со мерката, која е дел од третиот сет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со Ковид-19, беше предвидена директна државна помош од 25 отсто од реализираната инвестиција во периодот од март 2020 година кога започна ковид кризата, па до крајот на 2021 година. На јавниот повик што го објави Министерството за економија на 31 јули годинава се пријавија над 700 компании. Мерката од 20 милиони евра беше наменета за домашните компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот, кои не беа директно погодени од последиците на пандемијата, за да им се помогне да ги реализираат веќе започнатите или планираните инвестиции.

-Тоа значи дека директно до 400 компании ќе се слеат вкупно 17,2 милиони евра државна поддршка.

Вкупната инвестиција на овие 400 компании се проценува на 89,2 милиони евра.

Искористеноста на средствата сама по себа дава јасен сигнал дека имаме национални компании кои се подготвени да инвестираат во услови на криза. Им симнувам капа на сите храбри инвеститори, домашни претприемачи кои и во време на Ковид стартуваат свои проекти и сакаат допонително да инвестираат. Еве вашата земја е тука да помогне. Продолжуваме со такви мерки и во периодот кој следува, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата.

Директната финансиска инекција, посочи, ќе им помогнеме на компаниите дополнително да растат, да се развиваат, што значи да ги задржат постоечките и да отворат нови работни места.

-Државата е тука да помогне во најтешките моменти заедно да ја пребродиме оваа криза, да излеземе посилни  и да продолжиме со позитивни трендови на новата развоја македонска економија, потенцира Заев.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека Владата покажува оти се грижи и ги поддржува сите компании кои во овие тешки времиња инвестираат во нивната конкурентност.

-Денеска ја заокружуваме една од главните мерки од третиот сет на економски мерки кои Владата ги усвои во текот на вонредната состојба. Оваа помош што Владата ја дава за зголемување на инвестициите и за поттикнување на извозот и зголемување на продуктивноста и конкурентноста на нашите компании ќе внесе дополнителни инвестиции од 89,2 милиони евра согласно сите инвестициски планови, рече Бектеши и додаде дека Министерството за економија веќе ги подготвува сите поедничнечни договори за секоја инвестиција во делот на уредбата.

Министерството, потенцира, во текот на наредната недела ќе ги повика сите 400 компании да склучат договор за финансиска поддршка.

-Исплатата ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на потпишување на договорите, посочи Бектеши.

Со тоа , како што рече, уште еднаш се покажува дека државата подеднакво ги третира и домашните и странските инвестиции.

-Веќе нашите домашни компании се третираат подеднакво со странските и директно и тие добиваат поддршка од страна на државата. На ваков начин ќе продолжиме да работиме и со новите мерки, потенцира Бектеши и најави дека ќе следат измени на Законот за финансиска поддршка на ивнвестициите со цел во наредната година сите домашни и странски компании да можат да ги користат мерките што произлегуваат од законот.

актуелно државна помош Заев пандемија услови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.