Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДСЗИ со вонредни инспекции надзори за помладите лица кои му подлегнуваат на Ковид-19, вакцината кај нас ќе биде дистрибуирана истовреме со земјите од ЕУ
Во Фокусот

ДСЗИ со вонредни инспекции надзори за помладите лица кои му подлегнуваат на Ковид-19, вакцината кај нас ќе биде дистрибуирана истовреме со земјите од ЕУ

декември 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во ковид-статистиката вчера беше
регистриран нов случај на починато младо лице.

Се работи за 33-годишен пациент од Скопје.

За починатите млади лица, ДСЗИ досега иницираше 25 вонредни инспекциски надзори, од кои 11 се во тек.

Се очекува ДЗСИ да иницира надзор и за починатиот 33-годишен скопјанец.

Тој е еден од 29-те починати кои беа регистрирани во претходното деноноќие од кои 12 се од Скопје, (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64 г.), два од Куманово (63 и 82 г.), тројца од Прилеп (76, 67 и 87 г.), двајца од Тетово (65 и 72 г.), еден пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80 г.), двајца од Битола (64 и 65 г.), двајца од Гостивар (63 и 74 г.), еден пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73 г.).

Трендот на намалување на новозаразени продолжи и вчера, регистрирани 883 случаи од направени 2827 тестирања.

Покрај тоа, беа забележани и 536 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени е 52949, на починати е 2254.

Бројот на активни случаи изнесува 21931 од кои најголем дел се од Скопје (11713).

Во останатите градови бројот на активни случаи е следен – Куманово активни 613, Прилеп 868, Тетово 986, Битола 815, Гостивар 717, Струмица 616.

Во другите градови има помалку од 500 заразени.

Досега во земјата се направени вкупно 376.565 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1271 и има околу 240 празни болнички кревети.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 794 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во Скопје се хоспитализирани 477 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19.

Најмногу има на Клиниката за инфективни болести, каде лежат 144 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.

И покрај големиот број на приеми во текот на завчерашниот ден, вчера имаше околу 40-тина слободни места.

„Неделните пресеци укажуваат на тоа дека Р0 факторот на трансмисија на
вирусот се намалува, но внимателни сме затоа што се можни изненадувања“, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето на Тематскиот форум „Справување со кризата со (не)доволни ресурси“, организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка и Цивика мобилитас.

Според него, неблагодарно е да се каже дали ова ќе биде тренд или ќе продолжи да се шири.

„Доколку продолжи вака како што е изминативе неколку недели – да, ќе биде тренд, но внимателни сме затоа што се можни изненадувања, затоа што очигледно овој вирус не го прати моделот на вируси од истата група на вируси во кои се јавува. Имавме еден тренд на стабилизација прво, па сега и намалување и внимателни сме, пратиме како ќе биде овој период пред нас“, рече Филипче.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во своето обраќање на форумот посочи дека Главниот штаб работи според акциски план чија основна надлежност е борбата против Ковид-19, намалување на ширењето на заразата и бројот на болни, за да се намали притисокот врз здравството во нашата држава.

Тој посочи дека едно од основните цели во овој акциски план е и подигање на јавната свест и совест на населението за почитување и примена на мерките и препораките за лична заштита.

Според него, невладиниот сектор има голема улога во јакнење на јавната свест, а очекува во иднина и да биде уште поголема.

Вчера стигна ветување од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека вакцините против Ковид-19 за Западниот Балкан ќе бидат дистрибуирани во исто време со вакцините за ЕУ.

На состанокот со еврокомесарот Вархеји, присуствуваше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, а на него министрите од регионот размениле информации за состојбата и подготвеноста за набавка на вакцините против Ковид-19, како и за плановите за реализација на вакцинација на приоритетните групи.

Вицепремиерот Димитров, од своја страна, посочил дека во период кога набавувањето на вакцината претставува врвен приоритет, ваквата иницијатива на Европската Унија е од исклучителна важност.

„Фактот што овие вакцини ќе бидат првите кои Северна Македонија ќе ги има на располагање е јасен сигнал дека Западниот Балкан е неизоставен дел од политиките на солидарност на Унијата, во моментите кога тоа е најпотребно“, истакнал Димитров.

актуелно вакцина дсзи инспекции надзори Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.