Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Инвестирањето во образованието е клучно за дигитализацијата во Македонија
Економија

Инвестирањето во образованието е клучно за дигитализацијата во Македонија

март 24, 2022Updated:март 24, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Инвестирањето во образованието и во дигиталните вештини е клучно за натамошната дигитализација на Македонија, покажува Извештајот за транзиција 2021-2022 што го изработи Европската банка за обнова и развој, а кој денеска беше презентиран во Скопје.

Извештајот ги анализира трендовите во 38 земји во кои ЕБОР инвестира и ги истакнува развојните јазови меѓу економиите кои напредуваат, но и на оние кои заостануваат со развојот на дигиталните сервиси.

За Македонија беше оценето дека и покрај значајните подобрувања во изминатите години во различни области, сепак ниското ниво на дигитални вештини претставува ограничување кое ја забавува натамошната дигитализација. Ова е случај и со голем број економии во регионите каде ЕБОР има активности.

„Инвестициите во образованието и дигиталните вештини ќе станат уште позначајни со текот на времето, бидејќи секторите на дигитализацијата во изминативе години растат особено брзо, беше посочено од страна на претставниците на ЕБОР.

И гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, според која оценките на ЕБОР се корисни насоки каде треба да се насочат политиките, смета дека фокусот треба да биде ставен на подигнување на дигиталните вештини и намалувањето на одливот на квалификуваната работна сила, особено на онаа со дигитални вештини.

„Кај нас, напорите треба да се насочат кон посоодветна дигитална инфраструктура, но уште повеќе кон подигнување на дигиталните вештини. Најголемо внимание треба да му се посвети на намалувањето на одливот на квалификувана работна сила, особено со дигитални вештини, како и на унапредувањето на дигиталните обуки од страна на работодавачите. Колку се поограничени дигиталните вештини, толку е потешко да се користат новите технологии и поограничени се изгледите за раст, во свет којшто го презема дигиталниот сектор, истакна Ангеловска-Бежоска.

Дигитализацијата, според Ангеловска-Бежоска, е решението за подигнување на потенцијалот за раст на домашната економија и затоа мора да се посвети посебно внимание на овој дел, и покрај предизвиците што ги носат глобалните кризи.

„Во Народната банка направивме работна група за финтек-секторот, како и платформа за комуникација со чинителите во финтек-секторот ‒ Порта за иновации, со цел да ја олесниме размената на информации со нив. Неодамна спроведовме и анкета, којашто покажа дека 90 проценти од испитаниците ја препознаваат потребата од дигитални иновации во финансискиот сектор, а 72 проценти од анкетираните финансиски институции потврдија дека веќе спроведуваат некоја форма на дигитална трансформација. Народната банка веќе подготви работна верзија на првата „Национална стратегија за финтек-секторот, рече Ангеловска-Бежоска.

Согласно со индексот на дигитализација на ЕБОР, на скалата од 100, Македонија е на ниво од 59 проценти во однос на неопходните услови за дигитализацијата и 48 проценти во однос на употребата на дигитални технологии од страна на компаниите и граѓаните, што, според гувернерката, е блиску до регионалниот просек, но е далеку од посакуваниот резултат. Кај регулативата и електронските владини услуги се увидува позначителен напредок, додека дигиталната инфраструктура и дигиталните вештини не се многу променети за период од пет години.

Извештајот ги анализира и развојот на макроекономските и структурните реформи во земјите каде ЕБОР инвестира. Според економистите на ЕБОР, економското опоравување во Македонија започна во 2021 година и е водено од зголемената домашна и надворешна побарувачка, како и од фактот дека изгледите за раст годинава се позитивни. Но, зголемувањето на цените за електричната енергија и на храната и нестабилно надворешно опкружување, ја зголемуваат неизвесноста. Она што ќе треба внимателно да се менаџира е инфлацијата која бележи раст не само во Северна Македонија, туку и во светот.

„Инфлацијата е под контрола, но ќе треба внимателно да се менаџира“, препорачуваат економистите од ЕБОР.

Досега, ЕБОР во земјава има инвестирано 2,2 милијарди евра во 154 проекти, а фокусот следната година ќе биде ставен на автопатот Скопје-Блаце и на регионалниот проект за управување со цврст отпад.

актуелно дигитализација ебор образование
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.