Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕВРОМЕТАР: Граѓаните со поддршка за членство во ЕУ, остануваат оптимисти за датум на пролет
Политика

ЕВРОМЕТАР: Граѓаните со поддршка за членство во ЕУ, остануваат оптимисти за датум на пролет

декември 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Граѓаните поддржуваат членство во Европската унија, мнозинството од нив сметаат дека тоа е добра и корисна работа за земјата и остануваат оптимисти за добивање датум за преговори на пролет.

Ова го покажуваат најновите резултати од анкетното истражување ЕВРОМЕТАР за мислењето на граѓаните за прашања поврзани со евроинтеграциите и довербата во институциите во организација на Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК.

Магдалена Лембовска од ЕВРОТИНК, која ги презентираше резултатите од анкетното истражување истакна дека непосредните влијанија на француското вето за почеток на преговори за Северна Македонија врз
поддршката на македонските граѓани за пристапувањето се минимални.

Мнозинството граѓани или 56,8 отсто, како главна причина за неотпочнуввањето на преговори го посочуваат неспроведувањето реформи на домашен план, додека малцинството, околу една четвртина како причина ги посочуваат внатрешните случувања во Унијата.

Сепак, повеќе од половина од граѓаните очекуваат отпочнување на преговори во мај 2020 година.

Она што е карактеристично за разлика од претходните анкети, е дека за неполни два месеци драстично е зголемен процентот на граѓани кои односот на ЕУ кон земјава го оценуваат како „нефер, надмен и уценувачки“, што се должи на чувството на изневереност на очекувањата.

Овој процент бил 30,3 во октомври, а на крајот на ноември оваа година е зголемен на 44,4 отсто.

Магдалена Лембовска од ЕВРОТИНК оцени дека доколку продолжи овој тренд, тоа ќе влијае врз перцепцијата на граѓаните врз ЕУ, а со тоа и на поддршката.

Анкетата покажува дека секој петти граѓанин верува дека Македонија нема пријатели во меѓународната заедница, а според граѓаните најголемите „закани“ за земјава доаѓаат од соседството.

На прашањето која држава или меѓународна организација е најголем пријател на Македонија, 18,3 отсто одговориле ниту една, 16,2 проценти одговориле дека најголем пријател е Германија, по што следуваат Србија со 11,8, САД со 9,7, Турција 7,4, ЕУ 4,8 и Русија 4,7 отсто.

На прашањето дали постои земја или меѓународна организација што претставува закана за земјава, 36,2 отсто одговориле потврдно, а на прашањето која би можело да биде таа држава или меѓународна организација, 37,1 оцениле дека тоа е Грција, 10,5 Албанија, 8,8 проценти Бугарија, 5,5 отсто Русија, 5,2 проценти САД, 4,7 отсто Косово и 2,5 проценти ЕУ.

Анкетата го опфати и прашањето за доверба на граѓаните во институциите, при што граѓаните најголема доверба имаат во војската со 52 отсто, по што следува претседателот на државата со 44,9 проценти, граѓанските организации со 34,7 отсто и Владата со 32 проценти.

Најниска е довербата на граѓаните во правосудството и во политичките партии, при што 71 процент немаат доверба во правосудството.

Во однос на тоа дали членството на земјава во ЕУ би била корисна работа, 67 отсто одговориле „да“, а сличен процент е и за поддршката на членството во НАТО.

Од анкетираните граѓани, 36,4 отсто сметаат дека земјава може да очекува влез во ЕУ во наредните пет години, додека 67,9 отсто се на мислење дека државава ќе влезе во Унијата во следните 10 години.

На прашањето дали ЕУ е најдобра алтернатива или земјава треба да бара сопствен модел на развој надвор од ЕУ, 55 отсто одговориле „да“, додека 40,8 отсто сметаат дека не е најдобра алтернатива.

Меѓу анкетираните, приврзаниците на ДУИ со 82,5 отсто сметаат дека ЕУ е
најдобра алтернатива, на СДСМ со 77 проценти, додека на ВМРО-ДПМНЕ со 35,8 отсто.

Од оние коишто сметаат дека земјава треба да бара друг модел надвор од ЕУ, 61,5 проценти се приврзаници на ВМРОДПМНЕ , а 22,3 отсто на СДСМ.

Лембовска смета дека е загрижувачки податокот доколку младите луѓе губат надеж во ЕУ, како и тоа дека младите луѓе се доста поделени по ова прашање.

актуелно граѓани Еврометар ЕУ членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.