Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европската геополитичка заедница не е замена за проширувањето на ЕУ
Македонија

Европската геополитичка заедница не е замена за проширувањето на ЕУ

мај 20, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонските власти остануваат посветени на процесот на евроинтеграција на Северна Македонија и во таа насока и на постигнување договор со Бугарија со цел да нема застој во почнувањето на преговорите за членство. Се надеваат дека и покрај одредени најави кои доаѓаат од ЕУ за формирање европска геополитичка заедница, процесот на проширување нема да биде засегнат од усогласувањето на Европската Унија со новото геополитичко опкружување во Европа и моменталните односи по војната во Украина.

Во таа насока претставниците на ЕУ во земјава уверуваат дека пристапните процеси за државите од Западен Балкан остануваат главна движечка сила и оти нема промени за процесот на проширување. 

„Во моментов тоа се размислувања и концепти кои се уште не се презентирани на Европскиот совет. Новата геополитичка ситуација во светот и во Европа особено со оглед на војната во Украина, секако дека налага ЕУ како најголема заедница на држави во Европа да го размислува својот понатамошен развој. Но, сепак, во ЕУ постои процесот на проширување во кој ние сме дел и секако дека тој процес на проширување којшто е направен според новата методологија, на кластери на отворање на поглавја не треба и јас верувам дека нема да биде засегнат од нормално усогласувањето на ЕУ со новото геополитичко опкружување во Европа и односите што ги има во моментов Европа со војната во Украина, но, секако и односите по завршувањето на војната, рече вчера премиерот Ковачевски. 

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека земјава досега покажала дека знaе да гради мостови со соседите и да подадеме рака.

„Денес, Владата на Бугарија и претседателот Румен Радев, имаат историска можност да подадат рака да изградиме мост на доверба и пријателство. Очекуваме да го отстранат несогласувањето со Преговарачката рамка, ослободена од сите билатерални товари, за да може да ја одржиме правата меѓувладина конференција и со тоа да започне процесот на пристапни преговори, изјави Маричиќ.

Тој оцени дека дилемата околу иднината на Европа станало прашање во јавниот дискурс поради стагнацијата во политиката на проширувањето на Унијата и тоа со почетокот на војната во Украина, која за жал, на најтрагичен начин покажа дека прашањето за проширување е истовремено и безбедносно прашање како за регионот, така и за самата Унија и веќе не е прашање само за кредибилитетот на ЕУ.

„Ние одамна ја имаме надминато оваа стратешка крстосница и не само што донесовме правилни одлуки и постојано докажавме дека сме искрен и доверлив партнер на Унијата, туку и цврсто чекориме кон реализација на целите. И затоа очекуваме државите членки на Унијата, да ја прилагодат оптиката на реалноста и да одговорат на денешните предизвици од кои ќе зависи иднината на Европа, истакна Маричиќ.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир вчера изјави дека ЕУ сака почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија што поскоро и ги поттикнува сите напори за остварување на оваа цел.

„Апсолутно сме одлучни да продолжиме напред, знаеме дека е од стратешки интерес на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, овие држави да ѝ се приклучат на Унијата и ние очекуваме продолжување на процесот и да ја видиме Северна Македонија во ЕУ што поскоро, изјави Гир.

Прашан дали новиот предлог на францускиот претседател Емануел Макрон е замена за евентуален неуспех на процесот на проширувањето, Гир рече дека ставот на Макрон и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се јасни.

„Пристапните процеси за земјите од Западен Балкан остануваат главна движечка сила. Нема промени за процесот на проширување и единствен пат е проширување за Западен Балкан. Тоа е апсолутен приоритет и пат базиран на реформи. Затоа, не гледам дека ова ќе влијае на патот кон полноправно членство во ЕУ, изјави Гир.

Со слична пoрака излезе и германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн. Земјите од регионот, порача, припаѓаат на ЕУ.

„Германскиот канцелар во владина декларација изјави дека земјите од регионот на Западен Балкан припаѓаат на ЕУ. Тоа е пораката што му е потребна на регионот. Тој, исто така, додава дека геополитичката ситуација е поитна од кога било и ова е стратешка цел и за Германија. Германската Влада останува посветена, изјави Холштајн.

Реакција на случувањата поврзани со пристапниот процес на земјава во ЕУ, но и барањата од Бугарија со цел да се одблокира процесот вчера имаше и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој смета дека доколку Владата го прифати барањато на бугарскиот претседател на Бугарија Румен Радев упатено до неговиот француски колега Емануел Макрон за добивање писмени гаранции дека земјава ќе го испочитува договореното со Бугарија, тоа ќе значи комплетна капитулација.– Со други зборови, асимилација и европска иднина или никогаш нема да имаме европска иднина. Тоа е изборот, немаме трета опција, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, Радев сака сите барања на Софија, кои се темелат на декларацијата од бугарскиот Парламент од 2019 година, да бидат содржани во преговарачката рамка, најверојатно како поглавје.

„Тоа го бара Радев и вели додека ова не се исполни, јас не можам да дозволам да имаме прва меѓувладина конференција и не можам да дозволам почеток на преговори.  Кога станува збор за гаранции морам да кажам дека јас бев првиот кој во Македонија почна да зборува за гаранции и тогаш бев осуден од Владата на СДСМ и ДУИ, но секој паметeн човек и патриот кој си ја сака својата држава и граѓаните без разлика на нивната етничка припадност нормално е да има зрела меѓународна политикка, за разлика од нашата дипломатија која гледаме дека има сериозни осцилации, изјави Мицкоски.

За ова, посочува тој,  доколку се јави потреба да се гласа со двотретинско мнозинство во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати.

Во меѓувреме, вчера европските парламентарци со 508 гласа „за“ и 56 „против“ го усвоија Извештајот за напредокот на Северна Македонија на известувачот на Европскиот парламент, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, усвојувајќи притоа и некои од контроверзните амандмани, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во извештајот се поздравува реформскиот напредок на земјата и се инсистира на имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Но, во усвоената верзија се вклучени и некои од контроверзните амандмани, како оние за „историско помирување и заедничка историја“ со Бугарија и оценка дека нема напредок во имплементацијата на Договорот за пријателство меѓу земјава и Бугарија од 2017, што не е став на Европската комисија во нејзиниот последен извештај во 2021.

Министерството за надворешни работи го поздрави усвојувањето на Резолуцијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија, посочувајќи дека како и досега, европратениците упатија јасна политичка порака за важноста од забрзување на европскиот интегративен процес и итно започнување на преговорите за членство на земјава во ЕУ.

Според МНР, особено е важно што Европскиот парламент ја реафирмира стратешката важност на Северна Македонија и целиот регион на Западен Балкан  и нивната иднина како дел од Европското семејство.

„Почетокот на пристапните преговори и членството во ЕУ е силна инвестиција за стабилност, не само за земјите од регионот, туку и за ЕУ, особеново во актуелниот безбедносен контекст во Европа. Во таа смисла, го поздравуваме повикот на Европскиот парламент за надминување на билатералните прашања надвор од пристапниот процес, што е во духот и принципите  на пристапниот процес. Парламентот исто така го препознава рефорскиот напредок на земјата и нејзината подготвеност веднаш да ги започне преговорите со ЕУ се наведува во соопштението на МНР.

 

 

МИА

актуелно геополитичка европска ЕУ заедница замена
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.