Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕЕС системот им предизвика значителна непријатност на патниците
СВЕТ

ЕЕС системот им предизвика значителна непријатност на патниците

јануари 15, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новиот систем на ЕУ за влез и излез (ЕЕС) чија етапна имплементација на надворешните граници на Шенген зоната започна лани во октомври „предизвика значителна непријатност кај патниците“ на кои треба да им бидат земени биометриски податоци, предупреди Европскиот огранок на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ Европа).

Согласно ЕЕС системот, државјаните на земји кои не се членки на ЕУ при првиот премин на Шенген границата од неговата имплементација треба да бидат фотографирани и да им бидат земани отпечатоци од прстите заради електронско регистрирање на податоците. Имплементацијата на системот трае шест месеци и треба да заврши на 10 април 2026, кога ЕЕС ќе треба да се применува на сите гранични премини, а процедурата на ставање печати во пасошите ќе биде заменета со електронски записи во системот.

Постепената имплементација од утре влегува во фаза кога електронски треба да бидат регистрирани најмалку 35 проценти од државјаните на трети земји кои ја минуваат границата на Шенген зоната, што според аеродромите во ЕУ би можело да создаде застои и „предизвикуваа одложувања“ во движењето на патниците.

АЦИ Европа потенцира дека стапувањето во сила на ЕЕС системот лани во октомври предизвика проблеми на многу аеродроми, а сега се стравува дека од утре ќе бидат предизвикани дополнителни застои.

– Воведувањето на ЕЕС резултираше со зголемување на времето потребно за граничните проверки на аеродромите за до 70 проценти, со време на чекање и до три часа во периодите на најгустиот сообраќај. Новиот модел од петок сигурно ќе создаде уште полоши услови, изјави генерален директор АЦИ Европа, Оливие Јанковец.

Портпаролката на бриселскиот аеродром „Завентем“, Ихсане Лехли изјави дека воведувањето на EEС влијание врз времето на чекање за патниците и ја зголемува потребата од „доволен персонал на граничната контрола“.

– Максималното време на чекање при пристигнување може да достигне и до три часа, а исто така забележавме и зголемување на времето на чекање при заминување, нагласи Лехли.

Но, Европската комисија ги отфрла забелешките дека ЕЕС предизвикува застои на аеродромите во ЕУ, посочувајќи дека системот „во голема мера работи без проблеми“.

– Од самиот почеток, системот во голема мера функционира без проблеми, дури и за време на шпицот на празниците, а сите почетни предизвици типични за новите системи беа ефикасно решени. Згора на тоа, со него знаеме кој, кога и каде влегува во ЕУ, изјави портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи Маркус Ламерт.

Но, праксата покажува слабости во „функционирањето без проблеми“ на ЕЕС. Така, за време на божиќните и новогодишните празници кон крајот на минатиот месец португалските власти го суспендираа ЕЕС системот на лисабонскиот аеродром „Умберто Делгадо“ за период од три и распоредија воен персонал за зајакнување на капацитетите за граничната контрола.Проблеми беа регистрирани и на римскиот аеродром „Фјумичино“. Аеродромската управа информираше дека оперативните услови во пракса се покажуваат многу сложени, што резултира со значително зголемување на времето за проверка на патниците на граничните контроли.

Шпанската Конфедерација на хотели и туристички сместувачки капацитети (Асхотел) побара од Министерството за внатрешни работи на Шпанија да го зголеми бројот на вработени на граничните премини за да се избегнат „тесни грла“ при контролите на патниците на границите.

– Неразумно е, по патување од неколку часа, туристите да се соочат со чекање од еден или повеќе часови за да влезат во земјата, изјави претседателот на Асхотел, Хорхе Маричал.

Од друга страна, шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ЕЕС системот се применува низ целата земја, при што не се пријавени „редици или значајни инциденти“.

И операторот на двата најголеми аеродроми во Париз, АДР нема забелешки на работата на ЕЕС системот информирајќи дека „не е забележан никаков хаос или зголемување на времето на чекање во оваа фаза“.

 

аеродроми акуелно еес патници проблеми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Германскиот канцелар Мерц предлага „придружено членство“ за Украина во ЕУ

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.